Антарктосаурус (што значи „јужен гуштер“) — род на титаносауруски сауроподски диносаурус кој живеел во периодот на креда на територијата на денешна Јужна Америка. Типскиот вид, Antarctosaurus wichmannianus и вториот вид, Antarctosaurus giganteus, биле опишани од плодниот германски палеонтолог Фридрих фон Хуене во 1929 година. Од тогаш се именувани три дополнителни видови на Антарктосаурус, но подоцнежните студии ги сметаат за сомнителни или веројатно нема да се однесуваат на родот .
Типскиот вид, A. wichmannianus, е контроверзен бидејќи постои неизвесност дали сите опишани остатоци припаѓаат на иста единка или дури и род . Вториот вид , A. giganteus, се смета за сомнителен, но фрагментарните остатоци претставуваат еден од најголемите познати диносауруси.
Откритие и видови алт=|лево|мини|220x220пкс| Големината на три бутни коски се однесува на Антарктосаурусот од фон Хуене во 1929 година. Остатоците од овој диносаурус првпат биле споменати во печатена форма во 1916 година, иако не биле целосно опишани и именувани сè до монографијата напишана од палеонтологот Фридрих фон Хуене во 1929 година.von Huene, F. 1929. Los saurisquios y ornitisquios del Cretacéo Argentino. Anales del Museo de La Plata (series 3) 3: 1–196. [In Spanish] Антарктосаурус не се однесува на континентот Антарктикот, бидејќи за прв пат бил откриен во Аргентина, и значењето би било од грчките зборови αντι-, анти- или „спротивно на“, αρκτός, arktos кое значи „северна“ и σαυρος, саурос што значи „гуштер“. Генеричкото име се однесува на влекачката природа на животното и неговата географска местоположба на јужниот континент.
Antarctosaurus wichmannianus е типски вид на родот, именуван во 1929 година по откривачот на неговите остатоци во 1912 година, геологот Рикардо Вихман . Фон Хуене го користел името A. wichmannianus за да опише голем склоп на коски, за кои се смета дека потекнуваат од формацијата Анаклето во провинцијата Рио Негро во Аргентина, и истите датираат најверојатно од периодот кампан. Две дополнителни коски на екстремитетите, пронајдени во провинцијата Чубут во 1924 година, биле наведени на A. wichmannianus од фон Хуене во 1929 година. Сепак, подоцнежните студии се сомневаат во нивното упатување на видовите.
Фон Хуене, исто така, именувал фрагментарн втор вид на Антарктосаурус во истата монографија од 1929 година, која тој привремено ја нарекол Antarctosaurus giganteus поради неговата огромна големина. Овие фосили биле пронајдени во провинцијата Неукен во Аргентина, во формацијата Плотиер, која датира од етапите на Конијак - Сантон, во доцниот период на Креда.
За овој вид се познати многу малку остатоци и некои го сметаат за нибиум номен.Upchurch, P., Barrett, P.M, & Dodson, P. 2004. Sauropoda. In: Weishampel, D.B., Dodson, P., & Osmolska, H. (Eds.). The Dinosauria (2nd Edition). Berkeley: University of California Press. Pp. 259-322. Други истражувачи сметаат дека A. giganteus е веројатно валиден вид, но веројатно припаѓа на нов род. Во 1969 година, Леј Ван Вален ги сметал A. wichmannianus и A. giganteus за фази на раст на ист вид и го фаворизирал името A. giganteus. Оваа идеја е проблематична затоа што A. wichmannianus бил именуван порано во истиот труд и се знае од повеќе материјали, затоа треба да добие приоритет пред A. giganteus . Двата вида исто така не се од иста геолошка формација што сугерира дека тие не припаѓале на истиот временски период.
Во 1933 година, Фон Хуен и Чарлс Метли опишале друг вид, Antarctosaurus septentrionalis, што значи „северен“. Остатоците се пронајдени во формацијата Ламета во државата Мадја Прадеш во Индија . Овој вид зачувува важни анатомски информации, но е доделен на неговиот род во 1994 година; Јаиносаурус .Hunt, A.P., Lockley M., Lucas S. & Meyer C., 1995, "The global sauropod fossil record", In: M.G. Lockley, V.F. dos Santos, C.A. Meyer, and A.P. Hunt, (eds.) Aspects of sauropod paleobiology, GAIA 10: 261-279
Antarctosaurus jaxarticus од Казахстан е познат од единечен фемур . Името го добил од советскиот палеонтолог Анатолиј Риабинин во 1938 година, и бил првиот вид сауропод од Казахстан. Пријавено е од одреден локалитет во пустината Кизилкум, но точната местоположба не е позната. Можеби потекнува од формацијата Сиукјук (првично опишана како Дабразинска Свита ), која потекнува од сантониската етапа во доцната креда. Други истражувачи го сметале или како титаносаурид incertae sedis како ноум дубиум или како номен нудум .
Во 1970 година, две фрагментарни коски на екстремитетите и делумен пршлен биле пронајдени во формацијата Адамантина (првично опишана како формација Бауру ; исто така е пријавена како формација Сао Хосе до Рио Прето ) на северниот басен на Парана во Бразил . Остатоците биле опишани од нивните откривачи Фахад Мојсе Арид и Луиз Дино Визото во 1971 година како А. brasiliensis.Arid, F.M. & Vizotto, L.D. 1971. Antarctosaurus brasiliensis, um novo saurópode do Crétaceo superior do sul do Brasil. An. Cong. Bras. Geol. 1971: 297-305. [In Portuguese] Други истражувачи го сметале овој вид или, нобиум дубиум, или неодреден титаносаурус.
Опис Антарктосаурусот е проблематичен род, бидејќи ниту еден од опишаните видови не е познат од целосните остатоци, а типскиот вид се состои од елементи што се со сомнителна поврзаност, што предизвикало збунета таксономија . Од четирите дополнителни видови кои му биле доделени на Антарктосаурусот со текот на годините, три се сметале за сомнителни и на „Antarctosaurus" septentrionalis“ му бил даден сопствениот род Јаиносаурус .
Остатоците што се опишани припаѓаат на сауроподи, најверојатно титаносаури, група крупни, четириножни тревојади, кои обично имаат долг врат и опашка, со мала глава.
Antarctosaurus wichmannianus На склопот на фосилни остатоци, кои станале познати како A. wichmannianus, им бил даден примерокот со број MACN 6904. Познатиот материјал вклучува неколку фрагменти на черепот, вклучувајќи браници и нецелосна мандибула (долна вилица), цервикален (вратен) пршлен, пршлен на опашката, фрагменти од ребро и бројни коски на екстремитетите, вклучувајќи фемур со димензии 1,39 метри. Ниту еден од поединечните фосили не бил назначен за примерок на холотип, така што MACN 6904 се смета за склоп на синтипи . Вкупната должина на A. wichmannianus е проценета на околу 17 метри. лево|мини| Хипотетичка слика на големината на A.wichmannianus. Не е сигурно дека сите опишани остатоци се поврзани со една единка. Фон Хуене упатил дополнителна бутна коска и тибија на A. wichmannianus; фемурот, FMNH P13019, е над 1,85 метри висок. Во една студија, димензиите на овој фемур биле искористени во анализа на регресија за проценка на масата на A. wichmannianus на околу 34 метрички тони . Упатувањето на дополнителната бутна коска и тибија е доведено во прашање од подоцнежните истражувачи. Во 2003 година Хаиме Едуардо Пауел ги упатил привремено на Аргиросаурус и во 2012 година Филип Манион и Алехандро Отеро го сметале за неопределен титаносаурус. Нецелосната мандибула која му се припишува на A. wichmannianus е квадратна напред, а секоја стоматолошка коска има форма „L“ . Забите биле ограничени на предниот дел на долната вилица и биле мали и тенки. На четворните вилици сугерираат специјализирани навики на хранење, како што се хранење во близина на површинска рамнина, како ниска вегетација на земја или пловечки растенија во вода. алт=|мини| Коските на вилицата во форма „на квадрат“ или латинската буква „L“ на A.wichmannianus, прикажани во дорзален (горен) поглед. Овие коски, во најголем дел, не биле поврзани едни со други, но биле расфрлани низ целата формација. Следствено, многу научници веруваат дека можеби сите не припаѓаат на ист вид животно. Особено, многу квадратната долна вилица често се сугерира дека припаѓа на ребахисауридски сауропод сличен на Нигерсаурус . Сепак, вилицата на Бонитасаура , опишана во 2004 година , е слична по целокупната форма и е јасно поврзана со остатоци од скелетот на титаносаурус, што укажува на тоа дека долната вилица може да му припаѓа на А. wichmannianus . Во 2013 и 2019 година соодветно, беа опишани Бразилотитан и Балсаурус, кои исто така поседувале челусти од вилиците. Било забележано дека Бразилотитанот, Бонитасаурата, Антарктосаурусот и други титаносауруси покажуваат три заби на алвеола, додека ребахисауридот Нигерсаурус покажува до седум заби. Бразилотитанот и Балсаурусот биле опишани како титаносауруси, тесно поврзани со А. wichmannianus.
Задниот дел на черепот и остатокот од скелетот од истражувачите обично се сметаат за титанозаури, иако не мора да припаѓаат на ист тип на титаносаурус. Во 2005 година, ffефри Вилсон сметал дека „мозочната кутија“ е референтен за Немегтосауридите, но забележал дека другите остатоци на черепот бараат понатамошно истражување. Една студија, објавена во 2012 година од страна Аријана Паулина, при КТ скенирање на А. wichmannianus на черепот, открило целосен ендоаст и структири на внатрешното уво. Ендокастот на мозокот и внатрешното уво имаат неколку одлики со другите титаносауриди, како што се кратки мирисни трактати и мирисни луковици кои се хоризонтално проектирани.
Пауел ја споредил ширината на черепот со должината на коските на екстремитетот и на A. wichmannianus и на Салтасаурусот; ова го навело да заклучи дека черепот е пропорционално мал кај A. wichmannianus, ова може да имплицира дека елементите на черепот и екстремитетот може да припаѓаат на различни индвидуи или на различни таксони . Тој сепак истакнал дека споредбата е потенцијално погрешна затоа што целокупната анатомија на Салтасаурусот е пократка и погуста, што може да олесни поголем череп.
Фон Хуене доделил две тарзални (зглоб) коски на А. wichmannianus, кои тој ги опишал како астрагалус и калканиум. Пауел сугерирал дека е можно калканиум опишан од фон Хуене да е всушност астрагалусот на помала единка. Тој исто така забележал дека астрагалусот изгледа премногу мал за да припаѓа на истата единка како и тибијата, со ширина од само половина.
Фон Хуене опишал каудален пршлен кој бил пронајден близу до материјалот на черепот. Овој пршлен бил првиот пршлен на опашка, кој припаѓале на основата на опашката веднаш по сакрумот (пршлени прикачени на колкот). Пршлениот има биконвексен центар, одлика споделена со другите титаносаури. Фон Хуене истакнал дека првиот пршлен од опашката може да му припадне на Лаплатасаурус .
Со исклучок на нецелосен пршлен на грлото и сомнителниот прв пршлен на опашката, нема пршлени што го поврзуваат черепот со материјалот на екстремитетот. Недостасува теренска документација за помош при упатување на целиот материјал на една единка. Пауел сметал дека е веројатно дека фон Хуене правилно му го доделил материјалот на A. wichmannianus, тврдејќи дека фон Хуене ќе можел да комуницира со откривачите и дека ќе имал пристап до фотографиите на местото за откривање.
Antarctosaurus giganteus алт=|лево|мини|222x222пкс| Antarctosaurus giganteus femora во музејот Ла Плата Типскиот примерок на A. giganteus, MLP 26-316, вклучува лева и десна фемура, делумен лев и десен пубис, дисталниот крај на оштетена тибија, бројни фрагменти од ребра и дистални пршленина опашката и шест големи и неидентификувани коски. Двете гигантски бедрени коски се со димензии 2,35 метри во должина, кои се едни од најголемите од сите познати сауроподи. И покрај тоа што тие се големи, тие се исто така донекаде грацитни во конструкцијата. алт=|мини| Хипотетичка слика на големината на A. giganteus . Поради ограничените остатоци, точната големина е неизвесна.