„Вардаре, Пирин кај ти е?“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на Пиринскиот дел на Македонија и неговите жители и има патриотски карактер.

Текст

Вардаре, Пирин кај ти е, Вардаре, Егеј кај ти е?

Мајко Македонијо, ајде не плачи, ден ќе дојде, ќе ги гушнеш Пирин планини. Мајко Македонијо, ајде запеј ти, ден ќе дојде, ќе те носат води егејски.

Солзи течат мајчински, македонски, тешки како што ни се, еј, векови.

Вардаре, Пирин кај ти е, Вардаре, Егеј кај ти е?

Мајко Македонијо, ајде не плачи, ден ќе дојде, ќе ги гушнеш Пирин планини. Мајко Македонијо, ајде запеј ти, ден ќе дојде, ќе те носат води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е, Вардаре, Егеј кај ти е?

Надворешни врски Вардаре, Пирин кај ти е? (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни