„В село се чешма градеше“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојаси чешма која била градена во некое село и за веселбата на селаните околу чешмата.

Текст -В село се чешма градеше, голем се џумбуш правеше. Лиду, лиду лиду, ли ду ду, голем се џумбуш правеше.

В село се чешма градеше, на крај село до јаворот. Лиду, лиду лиду, ли ду ду, на крај село до јаворот.

Каков им беше мајсторот, чешмата што ја направи? Лиду, лиду лиду, ли ду ду, чешмата што ја направи.

Чешмата што ја направи, како ѝ тури чепурот. Лиду, лиду лиду, ли ду ду, како ѝ тури чепурот.

Надворешни врски В село се чешма градеше (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни