„Никој и ништо во Париз и Лондон“ (англиски: Down and Out in Paris and London) е роман на англискиот писател Џорџ Орвел. Романот всушност претставува мемоари,Back cover description, Down and Out in Paris and London, Penguin Classics, 2001 а издаден во 1933 година и е составен од два дела. Ја обработув темата сиромаштија во овие два европски града. Целната публика на романот била средната и богатата класа во државите - оние кои најчесто биле добро образовани во тој период. Првиот дел обработува тема на екстремна сиромаштија во францускиот главен град и искуствата на протагонистот при работа во хотел. Вториот дел е еден вид дневник/ запис за талкањата во сиромашен Лондон, прерскажан од поглед на еден бездомник (истиот протагонист кој е и во Париз).

Фактографија мини|Париската улица Орвел, во 5-тиот арондисман Една од дебатите околу романот е дали станува збор за парче реална автобиографија или фантастика. Орвел напишал во Воведот во француското издание од 1935 година: „Мислам дека можам да кажам дека не претерав ништо, освен во она што сите писатели претеруваат при избирањето. Не чувствував дека морав да ги опишам настаните во точниот редослед по кој тие се случиле, но сè што опишав се случило во едно или друго време“. Во Поглавјето XXIV, „јасно е дека Орвел ги искривувал фактите тврдејќи дека при враќањето од Париз се нашол во безизлезна состојба во Лондон и немал „најмала идеја за тоа како да се најде евтин кревет“. Ова секако ја зголемува напнатоста [...] но вистината е дека во Париз тој веќе го напиша лсвојот прв есеј „Клинец“, опишувајќи ја ноќта помината во хостелот за скитници во Нотинг Хил. Пред неговото заминување од Англија тој доброволно живеел меѓу скитници некое време“.Introduction, Penguin Classics 2001 edition, pp. xiii–xiv

Реакции мини|Слика од пасош на Орвел Бурма Еден месец по објавувањето на книгата, Хамберт Посенти, „сопственик на ресторан и хотелиер со четириесет години искуство“, испратил допис до „Тајмс“ жалејќи се дека книгата е неправедно омаловажувачка за угостителството.Possenti, Humbert. "Hotel Kitchens." The Times, 31 January 1933: 6. Литературниот додаток на Тајмс претходно дал преглед на книгата, опишувајќи ја како „живописна слика за очигледно луд свет“.Google Books Scott Lucas, Orwell (2003) Haus Publishing, Орвел одговорил на критиките на ресторанот со писмо до истиот весник: „Јас знам дека во нашиот хотел имало места кои на ниеден клиент не смеело да им биде дозволено да ги види со каква било надеж дека ќе го задржи својот обичај.“Orwell, George. "Hotel Kitchens." The Times, 11 February 1933: 6.

Поврзано Џорџ Орвел Патот до Виганскиот док

Наводи

Надворешни врски „Никој и ништо во Париз и Лондон“ „Никој и ништо во Париз и Лондон“ на Британската библиотека „Никој и ништо во Париз и Лондон“ на Project Gutenberg Australia „Никој и ништо во Париз и Лондон“ на george-orwell.org

Категорија:Романи на Џорџ Орвел