Трпко Дуковски ( во — во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од селско печалбарско семејство. Основното училиште го завршил во родното село, а потоа заминал на печалба во Скопје. Работел во „Метропол". Во Скопје се вклучил во Народноослободителното движење. Извршувал разни задачи и материјално го помагаше напредното движење. За член на СКОЈ бил примен во април 1944 година. Во НОВ и ПОЈ стапил на 8 август 1944 година, во Деветтата македонска ударна бригада. Бил борец во Вториот баталјон.

Учествувал во сите борби и акции што ги водела неговата Бригада. При нападот на Прилеп, храбро го дал својот млад живот.

Наводи