Оваа статија е за финскиот остров, за шведскиот остров видете Уте (шведски остров). десно|мини|Уте Уте (фински и шведски: Utö) ― мал остров во Архипелашкото Море во Балтичкото море и припаѓа на финската општина Паргас. Тој е најјужниот населен остров во текот на целата година во Финска. Уте има површина од 8,100 км2 и населението било околу 40 (согласно до 2005 година)

Име Името на островот, Уте , на шведски значи „надворешен остров“.

Опис Островот има светилник, насочувачка станица, мало пристаниште за гости, продавница и пошта. Островот е познат и по набљудувањата на морските временски услови кои започнале во 1881 година. Поради оддалеченоста на островот, островот има свое мештанско училиште. Во поранешно време, финските одбранбени сили чуваале мала станица на островот, но го напуштиле островот во 2005 година. Островот е познат и како прва спасувачка станица од катастрофата на бродот Естонија во септември 1994 година, а исто така помогнала и во спасувањето на преживеаните од потонувањето на парниот брод „Парк Виктори“.

Клима Годишната просечна температура на Utö е 6.5 °C и годишни врнежи 549 мм (1981-2010) Просечниот период покриен со снег трае од 23 јануари до 15 март. Областите на отворено море околу Уте се покриени со мраз приближно на секои пет години.

Ута има влажна континентална клима (Кепенова клас.) со студено до благо лето и умерено студено, многу долги зими кои траат подолго од блиската јужна континентална Финска поради сезонското заостанување предизвикано од Балтичкото Море.

Поврзано

Богскар Меркет Нуоргам Вирмајарви

Наводи

Надворешни врски

Мрежна страница на островот Уте Станица за истражување на атмосферата и морето во Уте

Категорија:Острови во Финска