Вилијам Вилки Колинс (англиски: William Wilkie Collins, 8 јануари 1824 – 23 септември 1889) — англиски романописец, есеист и драматург. Колинс е најпознат по своите романи „Жената во бело“ (1859) и „Месечев камен“ (1868). Во текот на својата писателска кариера, Колинс има објавувано и дела кои се во соработка со Чарлс Дикенс, со кој станала добар пријател
Ран живот Колинс е роден на улицата „Њу Кавендиш“ 11, Мерилбон, Лондон, син на Вилијам Колинс, добро познат сликар на пејзажи и неговата сопруга Хариет Гедес. Крстен по неговиот татко, тој наскоро бил познат по неговото средно име. Семејството се преселило на улицата Понд, Хемпстед, во 1826 година. Во 1828 година е роден братот на Колинс, Чарлс Олстон Колинс. Помеѓу 1829 и 1830 година, семејството Колинс се преселило двапати, прво на плоштадот Хемпстед, а потоа и на Порчестер. Вилки и Чарлс го добиле своето рано образование во домашни услови од нивната мајка. Семејството Колинс било многу религиозно, а мајката на Колинс инсистирала на редовна посета на црква, што Вилки не го сакал.
Во 1835 година, Колинс започнал да оди на училиште во академијата Маида Вејл. Од 1836 до 1838 година живеел со своите родители во Италија и Франција, што му оставило голем впечаток. Тој научил италијански јазик додека семејството било во Италија и започнал да учи француски јазик, на кој на крајот ќе стане течен говорник. Од 1838 до 1840 година, тој присуствувал на приватното интернатско училиште на Пречесниот Кол во Хајбери, каде бил малтретиран од соученици.
Во 1840 година семејството се преселило на 85 Оксфорд Тераса, Бејзвотер. Кон крајот на 1840 година, Колинс го напуштил училиштето на возраст од скоро 17 години и се вработил како помошник на службеник во фирмата на трговци со чај Антробус и Ко, фирма во сопственост на пријател на таткото на Вилки. Не му се допаѓала неговата канцелариска работа, но работел во компанијата повеќе од пет години.
Колинс започнал да пишува и ја објавил својата прва приказна „Тренерот на последната сцена“ во списанието „Илуминејтед“ во август 1843 година. Во 1844 година отпатувал за Париз со Чарлс Вард. Истата година тој го напишал својот прв роман, „Јолани или Тахити како што беше; романса“, која беше доставена до Чепмен и Хол, но била одбиена во 1845 година. Романот останал необјавен за време на неговиот живот.
Книжевни дела
Некои од избраните дела на Колинс се:
Антонина, или Падот на Рим (Antonina, or The Fall of Rome, 1850) - роман Базил (Basil, 1852) - роман Бракот на Габриел (Gabriel's Marriage, 1853) - краток расказ Криенка (Hide and Seek, 1854) - роман Мртва тајна (The Dead Secret, 1856) - роман По темнината (After Dark, 1856) - колекција кратки раскази Заледена длабочина (The Frozen Deep, 1857) - драма напишана заедно со Чарлс Дикенс Куќа за издавање (A House to Let, 1858) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел и Аделејд Ен Проктер Опседната куќа (The Haunted House, 1859) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел, Аделејд Ен Проктер, Џорџ Сала и Хесба Стретон Жената во бело (The Woman in White, 1860) - роман Без име (No Name, 1862) - роман Армадејл (Armadale, 1866) Месечев камен (The Moonstone, 1868) - роман Маж и сопруга (Man and Wife, 1870) - роман Сиромашната госпоѓица Финч (Poor Miss Finch, 1872) - посветен роман на Франсис Минто Елиот. Законот и дамата (The Law and the Lady, 1875) - роман Паднатите листови (The Fallen Leaves, 1879) Ќерката на Џезабел (Jezebel's Daughter, 1880) - роман Црната наметка (The Black Robe, 1881) - роман Срце и наука (Heart and Science, 1882–1883) - роман Злобен гениј (The Evil Genius, 1885) - роман
Наводи
Литература
Robert Gottlieb, "'Make 'Em Cry, Make 'Em Laugh, Make 'Em Wait'", The New York Review of Books'', vol. LXIV, no. 10 (8 June 2017), pp. 25–28.
Olive Logan "Wilkie Collins's Charms"
Надворешни врски
Мрежна страница за Вилки Колинс Информациона страница за Колинс
Колекција на дела од Вилки Колинс
Категорија:Родени во 1824 година Категорија:Починати во 1889 година Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски есеисти Категорија:Англиски раскажувачи Категорија:Англиски драматурзи