Macrophya punctumalbum е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Европа, Кавказ, Турција, Северен Иран. Во Македонија се среќава во околината на Скопје и Маврово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 226
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 7-8 милиметри. Главата и антените им се црни. Градите се црни, задниот раб на пронотумот, тегулите и скутелумот бели. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави. Предните и средните нозе црни, фемурите само делумно, тибиите и тарзите на предните делови бели. Абдоменот црн, средните тергити, третиот до седмиот, со бели странични дамки, последниот тергит наполно бел.
Ларвите достигнуваат должина од 16 мм. Главата е еднобојно жолтозелена. Телото еднобојно зелено, од долната страна нешто послевтло. Тие се развиваат во периодот од јули до септември, а возрасните се среќаваат во периодот мај-август.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј