Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во светиниколското село Алакинци, Македонија.
Црквата се наоѓа над селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. Истата е во запуштена состојба и предниот дел од храмот е целосно срушен.
Местоположба
Црквата се наоѓа северозападно од селото Алакинци, во месноста Кривуљица.
Историја
Не се знае точната година на изградба на црквата, но мештаните наведуваат дека е најстар храм во овој дел на Овче Поле.
Архитектура
Покривот на црквата е од камени плочки.
Фрескоживопис
Внатрешноста на црквата е фрескоживописана.
Иконостас
Црквата поседува иконостас на кој е впишана 1888 година, што веројатно претставува годината кога бил направен.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија Алакинци
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Алакинци Алакинци