200px|мини|Дакота Фенинг во 2020 година Хана Дакота Фенинг (, 23 февруари 1994 година Конерс, Џорџија, САД) е американска глумица. Таа се здобила со глумечка репутација како дете, а првпат се истакнала во филмот „Моето име е Сем“ на седумгодишна возраст. Нејзината сестра е Ел Фенинг.
Детство и семејство Дакота е родена во Конерс, Џорџија, САД, на 23 февруари 1994 година, во спортско семејство. Таа се школувала во Конвигтон. Нејзината мајка Хедер Џој била професионална тенисерка, а нејзиниот татко Стивен Фенинг играл бејзбол во пониските лиги. Дедо и по мајка на Дакота е Рик Аригтон, поранешен американски фудбалер. Таткото на Дакота продавал електроника, додека нејзината помлада сестра Ел Фенинг, по примерот на Дакота, е исто така позната глумица.
Глумечка кариера Како многу мала, Дакота покажала интерес за глума и била запишана во работилница за глума каде играла во претстави. десно|мини|227x227пкс| Дакота Фенинг на премиерата во 2005 година на „Војна на световите“ во Лондон Својата професионална кариера ја започнала во 1999 година каде се појавила во реклама за детергент Тајд. Следната година добила споредна улога во телевизиската серија „Ургентен центар“, на куќата Ен-Би-Си како нејзина прва голема и една од нејзините омилени улоги. Ова било проследено со гостувања во серии како што се: Али МекБил, Истрага на местото на злосторството, Адвокатура, Малком во средина, Семеен тип и други.
Во 2001 г. таа била избрана да глуми заедно со Шон Пен во филмот „Моето име е Сем“, за ментално хендикепиран човек кој се бори за старателство над својата ќерка, која ја игра Дакота. Шон Пен бил номиниран за Оскар, додека осумгодишната Дакота добила номинација за престижното здружение на филмските глумци САД , со што станала најмладата глумица некогаш номинирана за таа награда. За улогата ја добила наградата за најдобар млад глумец на Здружението на телевизиски филмски критичари. Холивуд репортер ја оценил Дакота како „ангел со интелигенција“ и дека таа ја одиграла улогата во филмот како долгогодишен професионалец. десно|мини|300x300пкс| Дакота Фенинг 2013 година Во следните години, Дакота добила голем број улоги во тимови со познати и почитувани глумци и режисери, освојувајќи ги и критичарите. Некои од нив биле во филмовите: Алабама, Сладок дом од 2002 година, Девојки од горниот дел од градот од 2003 година, Во жарот на одмаздата од 2004 година, Девет животи, Криенка, Војна на световите, Сонувач, инспириран од вистинска приказна од 2005 година. Почитуваниот критичар Роберт Еберт напишал за Дакота дека таа е професионалец на само 10 години и дека ги прави нејзините улоги да освојуваат срца. Познатата глумица Глен Клоус, која била дел од екипата на филмот Девет животи, ја пофалила Дакота како талентирана звезда. Критичарот Чак Вилсон напишал дека младата глумица го надминала Роберт Де Ниро во филмот Криенка. Крис Кристоферсон, кој ја играл улогата дедо на ликот на Дакота во филмот Сонувач, рекол дека таа е реинкарнација на глумицата Бет Дејвис. Во овој период, Дакота снимала за анимираните филмови Лило и Стич 2 и Коралина, позајмувајќи им го гласот на ликовите, девојките, Лило и Коралина. Лило и Стич 2 бил емитуван во 2005 година, а Коралина дури во 2009 година.
Дакота продолжила со обемно снимање во следните години. Се издвојуваат улогите во контроверзниот филм Хаундог од 2006 година и Тајниот живот на пчелите од 2008 година. Кои ја претставуваат нејзината транзиција во улоги за млади возрасни лица. Додека како дете била позната по своите улоги на интелигентни и зрели деца, во тинејџерските години таа играла повеќе девојки со проблеми. десно|мини|220x220пкс| Дакота Фенинг на премиерата на Американски пасторал на филмскиот фестивал во Торонто 2016 година. Во текот на 2006 година таа била поканета да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки, која и го доделува Оскарот, станувајќи нејзин најмлад член во историјата на возраст од 12 години. Во текот на истата година, списанието Форбс ја рангирал на 4-то место на списокот на славни лица под 21 година кои заработуваат најмногу, со проценета плата од 4 милиони долари таа година. На списокот на истото списание во 2009 година, таа го зазела третото место меѓу најценетите млади звезди, заработувајќи околу 14 милиони долари.
Дакота Фенинг била дел од филмската сага Самрак, филмовите Млада месечина од 2009 година, Затемнување од 2010 година и Зора 2 од 2012 година, играјќи го ликот на Џејн кој е дел од вампирскиот клан Волтури Во играниот филм „Ранавеис“ од 2010 година. Таа ја играла пејачката Шери Кари заедно со Кристен Стјуарт, која ја играла улогата на Џоун Џет. Филмот добил претежно позитивни критики, а младите глумици биле пофалени за нивните улоги.
Во текот на втората деценија на овој век, таа играла претежно во филмови со помал буџет, маркетинг кампања и заработка во споредба со периодот пред тоа. Тука спаѓаат филмовите: Сега е добро од 2012 година, Многу добри девојки и ноќни потези од 2013 година, Секоја тајна работа од 2014 година, Бримстон и Американски пасторал од 2016 година, Помош, те молам од 2017 година. Таа била дел од Осумтемина на Оушн во 2018 година. година, а во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, таа ја игра Скики Фром, дел од кланот Менсон.
Приватен живот Дакота Фанинг во 2011 година го завршила средното средното образование во приватното средно училиште Кембел Хол во Лос Анџелес. После тоа, од 2011 до 2014 година студирала студии за жени, со фокус на прикажувањето жени во филмот и културата, на Фалатинскиот факултет (анг. Gallatin School of Individualized Study) на Универзитетот во Њујорк.
Таа се обидува да го задржи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумици Категорија:Родени во 1994 година