Норвешка шума () е роман од 1987 на јапонскиот писател Харуки Мураками. Се работи за носталгична приказна за загуба. Приказната е раскажана во прво лице, преку ликот на Тору Ватанабе, кој се присетува на своите студентски денови во Токио. Преку сеќавањата на Ватанабе се следи развојот на врските со две различни девојки — убавата, но емоционално нестабилна Наоко, и комуникативната и жива Мидори. мини|издание напишано од Харуки Мураками Дејството на романот се одвива кон крајот на 1960-тите во Токио, во период кога јапонските студенти, како и оние од многу други држави, протестирале против воспоставениот поредок. Иако служи само како подлога за дејството во романот, Мураками, (низ очите на Ватанабе и Мидори), го прикажува студентското движење како претежно млитаво и лицемерно.
Првиот дел од романот е адаптација од „Светулка“, еден од поранешните раскази на Мураками. Приказната подоцна е вклучена во колекцијата Слепа врба, Заспана жена.
Норвешка шума доживува невидена популарност кај јапонската младина и од Мураками создава супер-ѕвезда во неговата родна земја, (наспроти неговото лично незадоволство со популарноста). Во 2010 година снимена е истоимената филмска адаптација на романот, во режија на Тран Анх Хунг.
Ликови - главниот јунак и раскажувач. Просечен студент на драмскиот факултет во Токио. Неговата заинтересираност за драмата е произволна и неодредена. За разлика од повеќето студенти, тој е заинтересиран за западната, а особено за американската литература Тој е најдобриот пријател на Кизуки и развива романтични врски со Наоко, а подоцна и со Мидори. - убава, но емотивно кревка девојка, отпрвин во врска со Кизуки, а подоцна во врска со Ватанабе. Постарата сестра на Наоко го одзема животот на 17 години, што заедно со самоубиството на Кизуки има траен ефект врз емоционалната стабилност на Наоко. - жива, комуникативна и провокативна соученичка на Ватанабе. Таа и нејзината сестра му помагаат на нивниот отсутен татко да раководи со мала книжарница, по смртта на нивната мајка од рак на мозок. Таа, првично има момче, но развива чувства кон Ватанабе, откако повеќе го запознава, ставајќи го Ватанабе во комплицирана ситуација.
Наводи
Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Романи во Токио Категорија:Дела на Харуки Мураками Категорија:Книги од 1987 година