Марко Порјазоски (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Животопис Марко Порјазоски е роден во Скопје во 1977 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 2000 година, магистрирал во 2006, а докторирал во 20хх година. На факултетот, тој почнал да работи во 2001 година како демонстратор, напредувал во помлад асистент во 2003, асистент во 2007, доцент во 20хх и вонреден професор во 20хх.
Резултатите од својата научна работа ги претставувал на домашни и меѓународни конференции од областа на телекомуникациите, на кои објавил бројни трудови. Во досегашниот ангажман на Факултетот активно учествувал во повеќе домашни и меѓународни, научно истражувачки и апликативни проекти. Безжичните телекомуникациски системи и управувањето со ресурсите во телекомуникациските системи се теми од интерес во неговата истражувачка работа.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ