Бошко Ивановски ( во ― во ) ― македонски партизан и учесник во НОВ.
Животопис Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште и во потрага по корка леб, се преселил во Скопје и работел во градот како слаткар.
Во ноември 1944 година, тој стапил во 16 македонска ударна бригада со која, веднаш по ослободувањето на Скопје заминал на Косово, каде учествувал во борбите за разоружување и ликвидирање на заостанатите балистички банди. Потоа заминал во околината на Белград, каде ја завршил воено-политичката настава.
Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во април 1945 година во борбата кај Антуновац, Бошко храбро загинал.
Наводи
Категорија:Македонски партизани