Спасица — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кокре. Претставува светилиште од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 200 метри источно од последните куќи на селото, на левиот брег на Кокречка Река, каде се наоѓа новоизградено манастирче „Св. Спас“.
Опис
Во манастирската црква „Вознесение Христово“ се вградени антички мермерни сполии, и тоа во јужниот ѕид. Околу црквата има расфрлени повеќе парчиња од мермер и архитектонска пластика и една фрагментирана стела, исто така од мермер. Конфигурацијата на теренот упатува на можно постоење на светилиште.
Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Корита — средновековна некропола; Црква Св. Архангел — средновековна некропола; Коњарник — утврдена населба од доцноантичко време; Кокре; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кокре