Јован Пејковски (, ) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Чучер-Сандево.

Животопис

Пејковски е роден на 25 јануари 1969 година во село Бразда. Основното образование стекнал во ОУ „Александар Урдаревски“ во село Мирковци, додека средното образование го стекнал во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје. Оженет е и татко на три деца.

Во 2009 година, на локалните избори, тој бил избран за градоначалник на Општина Чучер-Сандево како независен кандидат поддржан од група избирачи. Втор мандат добил во 2013, а трет во 2017 година.

Поврзано Бошко Пејковски Пеце Пејковски

Наводи

Категорија:Градоначалници на Општина Чучер-Сандево Категорија:Македонски политичари