Луда куќа (англиски: Absolutely Fabulous) е британска серија напишана од Џенифер Сондерс, која и ја глуми главната улога, заедно со Џоена Ламли, Џулија Савала и Џун Витфилд. Емитувана е на BBC од 1992 до 2005. Популарен краток назив за серијата е AbFab. Во 2004, дојде на 17-то место на анкетата Најдобриот британски ситком.

Ние имавме прилика да ја гледаме на Сител телевизија.

Заднина Луда куќа никна од џинглот во Френч и Сондерс наречен Модерна Мајка и Ќерка, а во него глумела Џенифер Сондерс како мајката и Дон Френч како ќерката.

Дејство Едина Монсун и Петси Стоун се две незрели пријателки, кои се опседнати со мода, дебелина, алкохол и дрога. Сафрон, ќерката на Едина, тотално се разликува од неа. Едина и Сафи живеат во куќа во Холанд Парк, а Петси најголемиот дел од нејзиното време го поминува таму.

Серијата се врти околу упорноста на Еди да стане славна и успешна и покрај неодобрувањата на ќерка и и константното присуство на нејзината сè посенилна мајка. Однесувањето на Петси често ја вовлекува во конфликти. Голем дел од комедијата во серијата е физичка, обично кога Еди и Петси се пијани или издрогирани. Исто така, конфликтите меѓу Петси и Сафи кога станува збор за Еди се чести.

Насловна песна Насловната песна се вика This Wheel’s on Fire, напишана од Боб Дилан и Рик Данко, а изведувана од повеќе артисти.

Додатно, и Pet Shop Boys снимија песна за Comic Relief во 1994, користејќи извадоци од дијалозите во серијата.

Прифатливост И покрај тоа што главните ликови конзумираат алкохол и дрога, се неодговорни и често прават нелегални работи, серијата стекна голема популарност и верна публика, но и лоша прифатеност од некои групи. Серијата беше популарна во Британија, а и во други земји.

Други верзии Хумористичната серија Сибил е американска верзија на Луда куќа, иако ги нема истите одлики.

Надворешни врски

Луда куќа на bbc.co.uk ''Луда куќа на the BBC Comedy Guide Луда куќа на British TV Comedy Guide Луда куќа на Episode World Ab Fab Online Луда куќа на the British Sitcom Guide Луда куќа на the British Film Institute Screen Online

Категорија:Британска комедија и хумор