Петар Стоев Христов ( во ― во ) ― активист, борец за човекови права во Пиринскиот дел на Македонија и поет.
Животопис Петар Христов живеел и израснал во семејство со македонско етничко чувство, наследено од неговиот дедо Стојан Христов, кој учествувал во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата во борбата за ослободување на Македонија од османлиското ропство и обновување на независна македонска држава.
Неговиот чичко - Иван Христов, заедно со македонските партизани од егејскиот дел на Македонија, учествуваа во протерувањето на бугарските окупаторски трупи од Македонија. Петар Христов од својата рана возраст веќе бил свесен која е неговата татковина и кој е неговиот национален идентитет. Следејќи го примерот на неговите браќа Александар и Георги, воодушевен од музата на поезијата, започна да пишува песни, од кои некои биле објавени во весникот „Народна волја“. Ја објавил стихозбирката „Почти на ручей ромон“ во 2003 година во Благоевград.
Одлика на неговата поезија Неговите поетски дела ја отсликуваат неговата постојана жед за љубезност и хуманост, како и неговата голема љубов кон Македонија, за што посветил неколку песни. Петар важел за исклучително скромен човек со поетска душа и бунтовен дух за правда и правичност.
Поврзано
Александар Христов (брат) Георги Христов (брат) Весник Народна Волја ОМО Илинден - Пирин
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Бугарски писатели Категорија:Македонци во Бугарија