Света Петка (позната како Света Петка Римска) — манастирска црква во светиниколското село Мечкуевци, Македонија.
Црквата се наоѓа на работ од селото во насока кон соседното село Буриловци.
Местоположба
Црквата е сместена на рамнина под возвишението Градиште. Од 1912 година во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Изградена е во 1925 година, на оддалеченост од 10 метри на темелите на стара црква изградена во 1570 година, која била срушена за време на отоманскиот период. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.
Овој манастир по Втората светска војна започнал да пропаѓа. Според натписната плоча на самата црква, манастирската црква била обновена и осветена на 12 мај 2019 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Никола“ - Мечкуевци Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија Мечкуевци
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мечкуевци Мечкуевци