Чедомир Светолик Миленковиќ - Мирко (, ― во ) — партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Работел како столар. Уште пред војната се истакнувал меѓу дрводелските работници. Активно учествувал во работата на УРС-овите синдикати, а посебно во организирањето на работниците во дрводелската секција. При формирањето на партиската ќелија на дрводелските работници, бил избран за секретар. По капитулацијата на Кралство Југославија, тој останал во Скопје и продолжил илегално да работи. Во летниот период на 1941 година, бидејќи преминал во илегалство, раководел со формирањето на диверзантски групи. Учествувал во повеќе дејствија за собирање оружје, експлозив и друг материјал.
На 22 август 1941 година, русинот Иван Затенко, кој живеел во Скопје, заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ го формирале скопскиот одред кој имал вкупно 42 борци. По групирањето на диверзантските групи и нивното префрлање на Водно, бил избран за командир на Првиот скопски партизански одред. Под негово раководство, борците на одредот ги добиле првите познавања од основната воена вештина. Во одредот останал сè до октомври 1941 година, кога бил повлечен в град на друrа работа. На 2 ноември 1941 година, по налог на Воениот штаб, пак заминал во одредот за да ја преземе командирската должност наместо затворениот Љубомир Лековиќ. Но, не успеал да воспостави врска оо одредот, бидејќи бил нападнат од бугарската фашистичка војска кај Бел Бунар, денешно Ѓорче Петров. Иако бил обиколен успеал да се извлече од обрачот и по неколку денови да влезе во Скопје без да биде забележан од непријателот. Набргу бил откриен и затворен. Откако поминал некој месец во скопскиот затвор, на 15 август, заедно со Периша Савелиќ, Љубомир Лековиќ и Васил Антевски-Дрен, е префрлен во затворот во Софија.„Вардарски глас“, 23 декември 1986, 12 стр. Стоилко Ивановски - Планински, цит. дело, 214 стр. Фашистите го осудиле на смрт со бесење. Пресудата била извршена во Софискиот затвор на 19 август 1942 година.
Наводи
Надворешни врски
Васил Антевски-Дрен СЕПТЕМВРИ — ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Затвореници во Бугарија Категорија:Учесници во НОБ