Трајко Китанчев ( - ) ― македонски книжевник, просветен работник и револуционер. Бил предавач на Трновската богословија и во Солунската егзархиска машка гимназија. Бил уапсен од бугарските власти и осуден без никакви докази во случајот со атентатот на бугарскиот министер Христо Белчев. Бил претседател на Врховниот македонски комитет. Автор е на 36 песни, главно напишани на бугарски литературен јазик.

Животопис Потекло, образование и светоглед Трајко Китанчев е роден на 1 септември 1858 годинаСъчинения на Трайчо Китанчевъ, нарежда Юрданъ Ивановъ, София 1898 (биографически бележки), 7. во селото Подмочани, Ресенско. Основното образование го започнал на 8 годишна возраст во Ресен, од каде по две години заминал во Истанбул, за да му помага на својот татко, кој се занимавал со градинарство. Во учебната 1869/70 година, Трајко Китанчев пристапил во бугарското училиште во Фенер,Иван. Н. Христов, Трайко Китанчев – нашият даскал, Педагогика 8/9, 1997, 88. кое го посетувал една година и 3-4 месеци, но поради немање на средства го прекинал образованието.

Бугарското благотворително братство во Цариград, „Просвештение“, за да ги дистанцира Македонците од Цариградската патријаршија и од влијанието на грчката пропаганда, одлучило да издржува „14 момчиња македончиња“, кои по завршувањето на образованието требало да заминат како учители во Македонија.Ю. Ивановъ, Биографически бележки…, 10. Трајко Китанчев во 1871/72 година бил еден од 14 – те избраници на „Просвештение“. Димитар Благоев – еден од соучениците на Т. Китанчев во бугарското училиште во Истанбул, пишува дека откако се обратил кон бугарскиот преродбенски деец, Петко Славејков, бил примен „лесно, многу лесно, зашто во тоа време бугарските револуционери – националисти се стремеа да го развијат и закрепнат кај Македонците чувството за национална заемност со Бугарите и со радост го пресретнуваа секое Македонче, способно да стане агитатор на бугарската национална идеја во Македонија“.Димитръ Косев, Петко Рачев Славейков, Обществена и политическа дейност, София 1986, 167. Воспитаниците на „Просвештение“ од македонско потекло биле организирани во друштвото „Самообразование и развој“. Тие, требало да дејствуваат меѓу македонските печалбари во Истанбул за пробудување на „бугарско национално сознание“.Гане Тодоровски, Македонската правостоина, Скопје 1985, 326. Во учебната 1872/73 година, Трајко Китанчев станал штитеник на егзархискиот охридски митрополит Натанаил Кучевишки (Охридски), со чија материјална помош го завршил третиот клас на бугарското училиште во Фенер.

Во 1874/75 година, со помош на владиката Натанаил, Трајко Китанчев пристапил во Киевската духовна богословија, која успешно ја завршил во 1879 година.Н. Никитовъ, Трайко Китанчевъ..., 19. Иако бил ученик во духовно училиште, Китанчев малку се интересирал за богословските прашања. Тој бил под силно влијание на идеите на руските револуционери – демократи. Со благослов на владиката Натанаил, во 1879/80 година се запишал на Правниот факултет при Московскиот универзитет. По завршувањето на првиот курс, во 1880 година, Китанчев се разболел, поради што ја напушти Русија и се вратил кај владиката Натанаил, кој во тоа време се наоѓал во Ловеч – Бугарија.Ю. Ивановъ, Биографически бележки…,18.

Врз идејниот светогледот на Трајко Китанчев влијаеле повеќе фактори. Како дете од сиромашна рурална средина од османлиска Македонија, Китанчев не можел да се идентификува и да се солидаризира со аристократијата, ниту пак со конзервативната идеологија, туку секогаш бил критички настроен кон нив. Со оглед на фактот дека во Истанбул се школувал во институција и при луѓе кои антифанариотската борба ја издигнале во бугарската национална идеологија, Т. Китанчев паднал под нивно влијание, иако никогаш не го заборавил своето македонско потекло. Под влијание на учителот Славејков, Китанчев пројавил интерес кон поезијата и литературата. Иако Китанчев никогаш не станал духовно лице, владиката Натанаил и духовната богословија оставиле влијание врз неговите погледи кон светот.

За време на престојот во Русија, Т. Китанчев се запознал со делата на руските нихилисти – народници, кои со своето учење за социјална правда и за отфрлање на световните и духовните авторитети го привлекле вниманието на слободољубивиот Китанчев. Трајко Китанчев пројавил широк интерес кон книжевноста, лингвистиката, историјата, антропологијата, политичките системи, кон револуционерните движења и идеологии. Врз основа на сето тоа, тој се профилирал како интелектуалец и демократ со либерални погледи, како борец за социјална правда, како културно-просветен и политички деец, како човек кој го прифатил револуционерниот метод во однос на решавањето на македонското прашање.

Просветна дејност лево|мини|350п|Црквата св. Кирил и Методиј во Солун по Балканските војни Во почетокот на 1881 година, Трајко Китанчев се вработил како учител во Петропавловската богословија, каде што предавал Историја на бугарската литература, Логика, Општа литература и Општа историја.Н. Станковъ, Единъ споменъ за първата учителска дѣятелностъ на Т. Китанчевъ, Мисълъ, списание за наука, литература и критика, г. V, кн.VII, София 1895, 702. Во 1882/83 учебна година, Китанчев се вратил во Македонија и станал учител и претседател на учителскиот совет во егзархиската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. Китанчев во Солун се пројавил како критичар на централистичка образовна политика на Бугарската егзархија и се залагал за модернизација и унапредување на наставата. Китанчев бил еден од омилените учители на гимназијалците. Така, Георги Стрезов пишува: „Кога Трајко Китанчев ’Трајчо’ – како што си го нарекувавме ние, ... ќе почнеше да расправа, ние зјапајќи ја слушавме неговата пријатна музикална реч и до толку се внесувавме што не го слушавме ѕвончето, кога требаше да заврши часот. Долго време потоа имавме можност да слушаме прочуени професори во универзитетот и големи оратори, но Китанчев остана најзапечатен во мојата совет“.Георги Стрѣзовъ, Първи стѫпки на солунската гимназия, Сборникъ Солунъ (издание на възпитателитѣ и взпитаницитѣ отъ солунскитѣ български гимназии), София 1934, 288.

Китанчев во Солун пројавил сестрана општествена дејност. Во новоизградената црква Св. Кирил и Методиј „незаборавниот Трајко Китанчев на чист македонски дијалект секоја недела и празник држеше поучни проповеди, го толкуваше евангелието и секогаш завршуваше со паролата: ’Браќа, има крај на маките, на неволјите. Амин’“.Скѫпъ и милъ паметникъ отъ епохата на възраждането ни въ Солунъ, сообщава: Б. Райновъ, Ил. Илинденъ, г. 3 / 9 (39), София 1930, 2.

Поради автономните постапки кои се коселе со конзервативната евлоуционистичка политика на Егзархијата, и неговата поврзаност со либералите кои во тоа време биле под политички прогон во Кнежевството Бугарија,В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 72. Т. Китанчев по завршувањето на учебната година бил отпуштен од Солунската гимназија од страна на Егзархијата.

Летото 1883 година Трајко Китанчев заминал во Пловдив – тогаш престолнина на автономната провинција Источна Румелија. Таму со посредство на водачот на бугарските крајни либерали, Петко Каравелов, се вработил како учител во пловдивската гимназија.Ю. Ивановъ, Съчинения на Трайчо Китанчевъ..., 310.

Политичка кариера  По запознавањето со Петко Каравелов, Китанчев станал негов поддржувач и се вклучил во политичкиот живот во Бугарија. По затворањето на Пловдивската гимназија во 1884 година, Китанчев се префрлил во Кнежевството Бугарија каде се вклучил во политичката борба на страната на крајните либерали, кои добиле убедливо мнозинство на изборите за IV Обикновено народно собрание.  Во јуни 1885 година, Трајко Китанчев бил назначен за просветен инспектор во Трновскиот округ. На дополнителните избори за IV Обикновено народно собрание кои се одржале на 21 јули 1885 година, Китанчев бил избран за пратеник на IV Обикновено народно собрание од Трновскиот округ.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 86. Од тогаш по до крајот на животот, Китанчев ќе стане дел од политичкиот и парламентарниот живот во Бугарија, а Трновскиот округ негова изборна база за сите наредни избори.

Во 1885 Китанчев учествувал во Српско-бугарската војна како доброволец во бугарската Пештерската дружина.Ю. Ивановъ, Биографически бележки..., 42,

При превратот од 9 август 1886 година, при обидот за детронирање на кнезот Александар Батенберг, Китанчев застанал во одбрана на институцијата кнез како симбол на суверенитетот на државата. Китанчев тогаш застанал на страна претседателот на бугарското собрание – Стефан Стамболов, со кого од Трново заедно ја напишале прокламацијата со која превратот бил прогласен за незаконски.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 96-109.

Трајко Китанчев како член на Великото народно собрание во 1887 година учествувал при изборот на Фердинанд за кнез на Бугарија.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 107-108.

На дополнителните избори за V Обикновено собрание од 3 јануари 1888 година, Китанчев по вторпат бил избран за пратеник.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 111 Поради несогласување со надворешната политика на бугарската влада, а особено поради политиката на насилство што ја практикувал премиерот Стамболов, Китанчев не само што се дистанцирал од премиерот, туку дошол во отворен конфликт со него. Критизерскиот и опозициониот однос на Китанчев кон политиката на Стамболов посебно дошла до израз за време на третата сесија на V Обикновено собрание. Тогаш односите помеѓу Стамболов и Китанчев се изостриле до степен на отворено непријателство и сериозни закани од страна на првиот кон вториот.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 115-118 Китанчев се нашол под силен притисок од провладините весници, од кои бил прогласен за „злобен и пакостен Македонец“ поради што треба „да си ги прибере парталите и да си оди за Македонија“,В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 119 а набрзо потоа бил отпуштен и од инспекторската должност.Ю. Ивановъ, Биографически бележки…, 47.

Заканите кон Китанчев, диктаторот Стамболов ги реализирала во 1892 година. На монтираниот процес против организаторите и учесниците врз неуспешниот атентат врз Стамболов, во кој бил убиен бугарскиот министер за финансии Христо Белчев, Трајко Китанчев бил обвинет како заговорник на атентатот и прогласен за виновен поради учество во комплот за промена на државниот систем, при што бил осуден на 3 години затвор. Казната ја одлежал во окружниот затвор во Хасково.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 125-138.

По падот на Стефан Стамболов, на 19 мај 1894 година, новата влада на Константин Стоилов наредила ослободување на политичките затвореници.В. Ѓорѓиев, Трајко Китанчев..., 148 Врз основа на тоа, по два дена, болникавиот Трајко Китанчев кому му останале уште само 7 дена од издржувањето на казната, бил ослободен.Знаме, г. I/94, София, 6 августъ 1895, 2.

На изборите од 11 септември 1894 година, Китанчев по третпат бил избран за пратеник во Обикновеното народно собрание, овој пат како Каравелист. Китанчев ја искористил позицијата пратеник и за афирмација на македонското прашање.

Македонскиот комитет  мини|лево|200п|Портрет на Китанчев Во втората половина на 1894 година, под влијание на ерменската криза, во Бугарија дошло до раздвижување на македонската емиграција, која настојувала да го искористи политичкиот момент за покренување на македонското прашање. Китанчев ги поддржал јавните манифестации на македонската емиграција.

На 27 декември 1894 година, Трајко Китанчев бил избран за претседател на македонското емигрантска организација „Братски сојуз“. По два дена, на едно собрание од околу 400 Македонци, Трајко Китанчев бил избран за претседател на „Македонскиот комитет“.Княжеството България и македонският въпрос. Протоколи от конгресите на Върховния Македоно-одрински комитет 1895-1905, съставител : Цочо Билярски, София 2002, 38. Помеѓу двете организации постоело соперништво околу приматот во македонското движење, но преовладала идејата за обединување.