Света Недела — манастирска црква на Ранченскиот манастир.

Историја Црквата е изградена заедно со манастирот во 1930 година. Иконите биле изработени во текот на XX век, но нивниот автор не е познат.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон северната страна е доградена затворена припрата, а кон западната и јужната страна таа е отворена. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Храмот има две камбанарии. Првата е вградена и се издига над главниот влез, така што делот над кровот е куполест со осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Втората камбанарија е издвоена и се наоѓа непосредно од левата страна пред влезот на црквата, односно е доградена до затворената припрата на северната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои долниот е затворен, а горниот е ограден и отворен од сите четири страни. Објектот и камбанариите се обоени во бела боја, со исклучок на затворената припрата којашто однадвор не е варосана, и се покриени со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Ранченски манастир Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци Ранченци Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Прва светиниколска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ранченци Ранченци