Егрикаш-ефенди џамија или Ајше Хатун џамија (, Ayşe Hatun Cami) – поранешен муслимански храм во Битола.

Местоположба Џамијата се наоѓала во источниот дел на горниот Дрвен пазар, во близина на дервишкиот гроб на Тез Верен Баба и Јени амам.

Историја Храмот бил изграден во XVI – XVII век. Старото име на џамијата било Егрикаш-ефенди, што во превод значи „Господин со крива веѓа“, веројатно поврзано со основачот. Второто име на џамијата е Ајше Хатун според жената која ја реновирала и на џамијата ѝ ги дарила приходите од еден дуќан. Џамијата е регистрирана во катастарските документи од 1203 од хиџра (1788 н.е.).

Архитектура Џамијата била пример за провинциска архитектура, мал квадратен простор, покриен со покрив со теракотни ќерамиди. Фасадата била изработена од камен и тули. Џамијата имала особено високо многуаголно камено минаре со шерефе и конусен кров, покриен со олово. Обликот на минарето и шерефето биле карактеристични за бројни градби од доцниот шеснаесетти и седумнаесетти век. Слични градби имало во Битола, особено Коџа-кади џамија.

Наводи

Категорија:Историја на Битола Категорија:Поранешни џамии во Битола Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Битолското муфтиство