Трајко Стојанов Петковски ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно образование, па се доселил со семејството во селото Мршевци (Скопско), каде се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Седумнаесеттата македонска ударна бригада. По ослободувањето на Македонија, заминал со Бригадата да се бори против, преостанатите балистички банди на Косово. Во една од тие борби загинал, на 19 декември 1944 година кај селото Перјане, во близина на Гнилане. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Мршевци.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ