Пепел ― слика на масо на платно од норвешкиот симболистички сликар Едвард Мунк. Насликана во периодот 1894-95 година, сега е во збирката на Националната галерија на Норвешка во Осло.
Делото ја отсликува критичната сцена во обидот за водење љубов помеѓу двојка во шумата, што го сторило мажот подгрбавен од срам или одвратност, а разбушавената жена со широко отворени очи и неподвижна од фрустрација или очај. Насловот на сликата предлпжува дека, од која било причина, во тој момент изгорела жештината на нивната страст.
Веројатно не е безначајно што сцената е насликана во време кога самиот Мунк имал кратка тајна врска со Мили Таулов, сопруга на братучед, при што и тие ќе се сретнат во шумата. Всушност, уметникот потоа напиша на литографија на делото „Ја чувствував нашата љубов како лежи на земјата како пепел“.
Во 1925 година, на 62-годишна возраст, Мунк направил втора поимпресионистичка верзија на сликата што виси во Мунковиот музеј во Осло. Ако инцидентот прикажан на сликата бил од лична природа, тој јасно остави свој белег.
Поврзано
Список на слики на Едвард Мунк 100 велики слики
Наводи
Категорија:Слики на Едвард Мунк Категорија:Уметнички слики од 1894 година