Свети Никола — главна селска црква во селото Сопот, Светиниколско.

Местоположба Црквата е сместена на влезот од селото, од десната страна на патот кој води од селото Горобинци.

Историја Црквата била изградена во 1878 година. На нејзино место во минатото имало мал храм којшто бил покриен со камени плочки. Главен ѕидар бил мајстор по име Дине од соседното село Крушица, а внатрешноста била живописана од извесни зографи од Велес. Иконите и фрескоживописот во куполата биле изработени во XIX век од страна на мајстор по име Петар и непознати автори од кратовска тајфа.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има голема ниша со фреска на Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со натпис. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има помошен објект и во него се сместени селските гробишта.

Галерија

Поврзано Сопот Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија

Наводи

Надворешни врски

Прилог за црквата „Св. Никола“ во Сопот, YouTube

Категорија:Сопот (Светиниколско) Сопот