Богоја Младенов Стевковски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснат е во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во акциите за разоружување и ликвидирање на балистичките банди во Косово. Потоа заминал во Срем, каде по успешното совладување на воената обука учествувал во тешките и крвави битки против германските и усташки формации. На 15 април 1945 година во една битка пред Будровци во близината на Ѓаково, загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ