Љубе Младенов Стојановски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Љубе Стојановски

Животопис Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство, но бидејќи од него не можеле да се исхранат, продолжил да бара и друга дополнителна работа. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада на скопскиот терен, стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистите на падините на Скопска Црна Гора. Подоцна бил учесник и во другите борби против балистите и Германците, а по ослободувањето на Македонија и во акциите за ликвидирање на одметнатите балистички банди на Косово. Откако Бригадата ја извршила успешно оваа задача, заминала во Срем. На 12 април 1945 година во една од многубројните борби, загинал кај селото Илинци. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на селските гробишта во Чучер.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ