мини|десно|Астероидот Тевтат е потенцијално опасен близуземски астероид, но не претставува претстојна закана по Земјата. Сликано во 2012 г.

Потенцијално опасно тело (ПОТ) или потенцијално опасен објект — близуземско тело (астероид или комета) со орбита која може да се доближи до Земјата и е доволно големо за да причини поголеми штети во случај на судир. Се дефинираат како тела со најмало растојание на орбитално пресекување со Земјата помало од 0,05 астрономски единици (19,5 месечеви растојанија) и апсолутна величина од 22 или посјаен. Проценето е дека 98 % од познатите потенцијално опасни тела не закана во следните 100 години. Само 32 ПОТ се ставени на табелата на ризици на „Сентри“, а изземени се сите кои не се закана за следните сто години. Во текот на стотици или илјадници години, потенцијално опасните атероиди имаат можност да ги изменат орбитите на начин кој ќе ги направи недвосмислено опасни.

Највеќето овие тела се потенцијално опасни астероиди (ПОА), а неколку од нив се комети. Во март 2021 г. имало 2.173 познати ПОА (околу 9 % од близуземските тела), од кои 158 имаат пречник поголем од 1 км (погл. списокот на списокот подолу). Most of the discovered ПОА are аполонски астероиди (1.730) а помал број се атонски (171).

По спроведувањето на неколку астрономски прегледи од доцните 1900-ти наваму, бројот на познати ПОА е десеткратно поголем (погл. столбниот графикон подолу). Подробни информации за овие тела во список се објавува ати на мрежна страница на Центарот за мали планети.

Преглед мини|десно|245п|Орбитите на познатите потенцијално опасни астероиди, поголеми од 140 м кои минуваат до 7,6 милиони километри од Земјината орбита.

Едно тело се смета за ПОТ доколку неговото најмало растојание на орбитално пресекување (МРОП) во овнос на Земјата е помало од 0,05 ае (7.500.000 км) — околу 19,5 месечеви растојанија — а неговата апсолутна величина е посјајна од 22, што приближно одговара на пречник над 140 м. Телото би било доволно големо да предизвика регионален разор на човечките населби ако падне на земја, или пак големо цунами ако удри во океан. Ваков настан во просек се случува еднаш на 10.000 години. Земајќи ги податоците на NEOWISE, се проценува дека постојат 4.700 ± 1.500 потенцијално опасни астроиди со пречника над 100 метри.

Степени на опасност

Двете главни скали кои ја категоризираат опасноста на астероидните удари се палермската и торинската.

Потенцијално опасни комети

Краткопериодните комети со тековно МРОП помало од 0,05 ае се: 109P/Свифт-Татл, 55P/Темпел–Татл, 15P/Финли, 289P/Бланпен, 255P/Леви, 206P/Бернард–Боатини, 21P/Џакобини–Цинер и 73P/Швасман–Вахман.

Бројност мини|300п|Утврдени БЗТ од разни проекти. ПОА се подмножество на БЗТ во поширока смисла.

Во 2012 г. НАСА проценила дека дотогаш биле најдени 20 до 30 отсто од телата. При блиските приближувања на астероиди кон планетите и месечините вон Земјата, тие ќе подлегнат на гравитациска растројување и да ја сменат орбитата, што може да предизвика претходно неопасниот астероид да стане потенцијално опасен, или обратно.

Неколку проекти за астрономски прегледи како Истражувањето на околуземски астероиди на Линколнската опсерваторија (LINEAR), Каталинскиот небесен преглед (CSS) и Pan-STARRS продолжуваат да трагаат по уште ПОТ. Секое пронајдено тело се проучува на различни начини како оптички, радарски и инфрацрвено со цел да се утврдат неговите особености како големината, составот, вртежната состојба и да се добие поточна слика за неговата орбита. Во овие набљудувања и следења учествуваат како стручни, така и аматерски астрономи.

Големина

Астероидите со пречник поголем од 35 метри се закана по еден цел град со умерена големина. Меѓутоа пречникот на највеќето мали астероиди не е добро утврден, бидејќи се одредува според сјајноста и растојанието, а не со непосредно мерење. Од оваа причина, НАСА и Лабораторијата за реактивен погон (JPL) ја користат попрактичната мерка апсолутна величина (H). Секој астероид со апсолутна величина 22,0 или посјаен се смета за доволно голем.

Големината на телото може само грубо да се процени бидејќи мора да се направи претпоставка за неговото албедо, кое најчесто не е со сигурност познато. Програмата за близуземски тела на НАСА за оваа цел се служи со претпоставено албедо од 0,14.

Најголеми потенцијално опасни тела

Со среден пречник од околу 7 км, аполонскиот астероид е веројатно најголемото потенцијално опасно тело, и покрај послабата апсолутна величина (15,2) во однос на другите тела во табелата. Телото со најниска бројна ознака е 1566 Икар. + Најсјајни потенцијално опасни астероиди  Ознака Откриен (H) (mag) D (км) Орбитален систем Наводи Година Место Откривач Класа a e i q Q 1990 413 Р. Х. Мекнот 14,1 3 APO 1,621 0,658 24,4 0,555 2,687 0,02640 3122 Флоренс 1981 413 Ш. Џ. Бас 14,1 5 AMO 1,769 0,423 22,2 1,020 2,518 0,04430 1998 704 LINEAR 14,3 4 APO 2,203 0,858 17,5 0,313 4,093 0,01443 4183 Куно 1959 074 К. Хофмајстер 14,4 4 APO 1,982 0,634 6,7 0,725 3,240 0,02825 3200 Фаетон 1983 500 IRAS 14,6 5,8 APO 1,271 0,890 22,3 0,140 2,402 0,01945 2004 E12 Преглед „Сајдинг Спринг“ 14,7 3 APO 1,084 0,477 37,0 0,567 1,601 0,04686 2002 704 LINEAR 14,9 3,1 AMO 2,077 0,507 43,7 1,023 3,131 0,02767 1999 704 LINEAR 15,1 2,9 APO 2,448 0,610 39,2 0,955 3,942 0,01787 2001 704 LINEAR 15,2 3 APO 1,754 0,439 42,0 0,983 2,524 0,02934 1999 704 LINEAR 15,2 7 APO 2,726 0,641 13,8 0,978 4,474 0,02346 1981 Мида 1973 675 Ч. Т. Ковал 15,2 2 APO 1,776 0,650 39,8 0,621 2,931 0,00449 2201 Олџејто 1947 690 Х. Л. Џиклас 15,25 2,1 APO 2,175 0,713 2,5 0,624 3,726 0,00305 2002 644 NEAT 15,3 2,2 APO 2,134 0,576 8,9 0,904 3,363 0,03010 4179 Тевтат 1989 010 К. Полас 15,30 2.,5 APO 2,536 0,629 0,4 0,940 4,132 0,00615 2004 704 LINEAR 15,4 3 APO 2,264 0,593 23,1 0,920 3,607 0,01682 1998 704 LINEAR 15,6 3,5 APO 1,924 0,639 10,8 0,694 3,154 0,00234 4486 Митра 1987 071 Е. В. ЕлстВ. Г. Шкодров 15,6 2 APO 2,200 0,663 3,0 0,742 3,658 0,04626 1620 Географ 1951 675 А. Џ. ВилсонР. Минковски 15,6 2,5 APO 1,245 0,335 13,3 0,828 1,663 0,03007 2011 703 CSS 15,7 2,5 APO 2,122 0,653 34,9 0,736 3,509 0,01925 2003 699 LONEOS 15,7 2,5 AMO 2,231 0,541 39,6 1,024 3,438 0,00956 12923 Zephyr 1999 699 LONEOS 15,8 2 APO 1,962 0,492 5,3 0,996 2,927 0,02115 1998 566 NEAT 15,8 2 APO 2,380 0,573 5,9 1,017 3,743 0,01573

Статистика

Подолу е даден список на најголеми ПОА (според апсолутна величина H) откриени во дадена година. Историските податоци за збирниот бро на откриени ПОА од 1999 г. наваму е прикажан во столбни графикони — едниот за вкупниот број, а другиот за тела поголеми од еден километар. + Најсјајни ПОА откриени секоја година од 1989 г. наваму   Број Име Година (H) Наводи 4179 Тевтат 1989 15,3 4953 1990 14,1 7341 1991 16,7 5604 1992 16,4 39572 1993 16,4 136618 1994 16,6 243566 1995 17,3 8566 1996 16,5 35396 1997 16,9 16960 1998 14,3 137427 1999 15,0 23187 2000 16,1 111253 2001 14,9 89830 2002 14,7 242216 2003 15,7 242450 2004 14,7 308242 2005 16,4 374851 2006 16,8 214869 2007 16,2 294739 2008 17,1 369264 2009 16,0 381906 2010 17,8 415029 2011 15,7 482467 2012 17,8 507716 2013 16,5 533671 2014 16,0 – 2015 17,5 – 2016 17,6 – 2017 17,9 – 2018 17,5 – 2019 18,0 – 2020 17,4

Поврзано Список на земјопресекувачи Список на астероиди близоприближувачи

Белешки

Наводи

Надворешни врски „Сентри“: Надзорен систем за можни судири со Земјата (тековен) од програмата NEO Многу блиски приближувања (<0,01 ае) на ПОА кон Земјата, 1900-2200 г. Табела на следните блиски приближувања на астероиди до Земјата (TECA) — Астрономска опсерваторија „Сормано“ Приоритетни списоци на мали тела (MBPL) — Астрономска опсерваторија „Сормано“ Одговори на заканата од потенцијално опасни близуземски тела (PDF) Претворање од апсолутна величина во пречник — Центар за мали планети Списоци на потенцијално опасни астероиди

Категорија:Близуземски тела Категорија:Планетарна одбрана Категорија:Опасности во вселената Категорија:Херои на социјалистичкиот труд