Џејн Тошико Нишида (родена на 26 април 1955 година) ― адвокат и владин функционер од Соединетите Држави. Таа е главен заменик-помошник администратор во Кабинетот за меѓународни и племенски работи на Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Држави. Нишида служела како вршител на должноста администратор на Агенцијата за заштита на животната средина од 20 јануари 2021 година до 11 март 2021 година.
Ран живот и образование Нишида е родена во Бетесда, Мериленд на 26 април 1955 година. Се стекнала со диплома за меѓународни односи од колеџот „Луис и Кларк“ во 1977 година и докторска диплома од Правниот центар на Џорџтауновиот универзитет во 1980 година.
Кариера Нишида била советник во Генералното собрание на Мериленд во периодот 1981–1984 година, а потоа работела во законодавната канцеларија на гувернерот до 1991 година. Таа тогаш била извршен директор на фондацијата Чесапик Беј во периодот 1991–1995 година. Нишида била секретар за животна средина на Мериленд од 27 март 1995 година до 26 април 2002 година. Нишида тогаш станала виш специјалист за животна средина во Светската банка. Таа започнала да работи за ЕПА во 2011 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1955 година