Антибиотска отпорност (антибиотска резистенција — појава кога микробите развиваат механизми кои ги штитат од дејството на антимикробните агенси. Поимот антибиотска отпорност се однесува на појавата кога бактериите стануваат резистентни на дејството на антибиотиците. Резистентните микроби е потешко да бидат третирани, потребни се поголеми дози на лекови, или е потребна примена на алтернативни лекови кои може да имаат поголема токсичност. Тие исто така може да бидат и поскапи. Микробите резистентни на повеќе антимикробни агенси се нарекуваат мулти-лек резистентни.

Механизми Постојат пет главни механизми по кои бактериите покажуваат отпорност кон антибиотиците: Онеспособување или модификација на лекот: на пример, ензимска деактивација на пеницилин Г кај некои пеницилин-резистентни бактерии преку создавање на β-лактамази. Најчесто протективните ензими создадени од бактериските клетки вршат адиција на ацетил или фосфатна група на специфично место на антибиотикот, што ја намалува неговата способност да се врзе за бактериските рибозоми и да ја наруши белковинската синтеза.[Criswell, Daniel. "The "Evolution" of Antibiotic Resistance." Institute for Creation Research. N.p., 2004. Web. 28 October 2014.] Промена на таргет- или врзувачкото место: на пример, промена на PBP—врзувачкото место на пеницилините кај MRSA и другите пеницилин-резистентни бактерии. Промена на метаболните патишта: на пример, некои сулфонамид-резистентни бактерии немаат потреба од пара-аминобензоева киселина (PABA), значаен претходник во синтезата на фолна киселина и нуклеински киселини која е инхибирана од страна на сулфонамидите, наместо тоа, како и кај клетките од цицачите тие ја користат фолната киселина. Намалена акумулација на лек: преку намалување на пермеабилноста или зголемување на активниот ефлукс Делење и рециклирање на рибозомот

Наводи

Категорија:Еволутивна биологија Категорија:Здравствени катастрофи Категорија:Ветерина