мини|325п|Четири од седумте члена на галактичката група HCG 16
Галактичка група или група галаксии — збир од галаксии сочинет од 50 или помалку гравитациски врзани членови, секој од нив со сјајност еднаква или поголема од онаа на Млечниот Пат (околу 1010 пати посјајна од Сонцето); збировите од галаксии поголеми од групи кои се во првореден рој се нарекуваат галактички јата. Групите и јатата на галаксии можат да се здружени во суперјата од галаксии.
Млечниот Пат (нашата галаксија) е дел од галактичката група наречена Месната Група.
Особености Групите се најмалите збирови од галаксии. Обично содржат не повеќе од 50 галаксии во пречник од 1 до 2 мегапарсеци. Имаат маса од околу 1013 Сончеви маси. Распределбата на брзини за поединечните галаксии изнесува околу 150 км/с. Меѓутоа, оваа дефиниција е општ показател, бидејќи има поголеми и помасивни галактички системи кои некогаш се класификуваат како галактички групи.
Групите се најзастапените структури на галаксии во вселената, опфаќајќи барем 50 % од галаксиите во видливата вселена. По маса се некаде меѓу многу големите елиптични галакасии и галактичките јата. Во видливата вселена, половина од групите имаат расеани рендгенски зрачења кои доаѓаат од нивната внатрејатна средина. Ваквите групи во себе опфаќаат членови од ран тип. Расеаното зрачење доаѓа од подрачја во внатрешните 10–50 % од виријалниот полупречник на групите, обично во размер од 50–500 килопарсеци.
Видови Постојат неколку видови на галактички групи.
Компактни групи Една компактна група е сочинета од мал број галаксии (обично околу пет) блиски една со друга и релативно изолирани од другите галаксии и образби. Првата откриена компактна група е Стефановиот Квинтет, најдена во 1877 г. Таа се состои од четири галаксии и една неврзана галаксија пред нив. Астрономот Пол Хиксон во 1982 г. изработил каталог на вакви групи наречен „Хиксонова компактна група“.
Кај копактните галактички групи лесно се забележува дејството на темната материја, бидејќи видливата маса е значително помала од онаа потребна за галаксиите да се држат во една група. Овие групи исто така не се динамички стабилни со текот на Хабловото време, со тоа покажувајќи дека галаксиите се развиваат со спојување во временски рамки на староста на вселената.
Фосилни групи Фосилните групи (или фосилни јата) се конечниот производ на спојувањето на галаксии во една нормална галактичка група, оставајќи зад себе рендгенски ореол од групата-предок. Галскиите во групата заемодејствуваат и се спојуваат. Физичкиот процес зад ова спојување е динамичко триење. Временските размери за динамичко триење на сјајни (или L*) галаксии укажуваат на тоа дека фосилните групи се стари непореметени системи немале значајни упади на L*-галаксии откако почнале да колабираат. Затоа, фосилните групи се важни лаборатории за изучувањето на образувањето и развојот на галаксиите и внатрегрупната средина во изолиран систем. ФОсилните групи може сè уште да содржат неспоени џуџести галаксии, но помасивните членови на гупата се згуснале во средишната галаксија. Оваа хипотеза е поддржана со изучувањето на сметачки симулации на космолошки зафатнини.Dependency of halo concentration on mass, redshift and fossilness in Magneticum hydrodynamic simulations
Најблиската фосилна гупа до Млечниот Пат е NGC 6482 — елиптична галаксија на растојание од околу 180 милиони светлосни години сместена во соѕвездието Херкулес.An old galaxy group: Chandra X-ray observations of the nearby fossil group NGC 6482
Протогрупи Протогрупи се групи во фаза на образување и се помал облик на протојата. Содржат галаксии и протогалаксии вгнездени во темноматериски ореоли кои се во процес на сраснување во групни образби од единечни темноматериски ореоли.
Позначајни групи + Некои позначајни групи Група Белешки Месна Група Групата во која се наоѓа Млечниот Пат, а со тоа и Земјата Стефанов Квинтет Една од најфотогеничните групи Робертов Квартет Друга мошне значајна група Куршум Оваа група во спојување покажува одвојување на темната материја од нормалната Ова е скратен список на позначајните галактички групи.
Поврзано Галактички групации и јата
Наводи
Група