Ордан Ковилоски (втора половина на XIX век, Прилепско — 6 јануари 1916, Порече) — жртва на Масакрот кај Дервишка Нива.

Животопис Ордан Ковилоски потекнувал од прилепските рамничарски села. Поради блиските трговско-занаетчиски релации, но и семејни врски со Поречието, живеел во поречкото село Здуње. Како жител на селото е заробен од казнената експедиција на бугарската војска на чело со капетан Константин Панов, заедно со уште 205 лица кои што се нашле на т.н. „црн список“. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а 103 од нив, меѓу кои и Ордан биле убиени на Бадник. Нивните тела биле фрлени во ископ кај месноста Дервишка Нива. Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените.

Наводи

Поврзано

Масакр кај Дервишка Нива

Дервишка Нива Д