мини|Бачило на Караџица Бачило или мандра – една од основните градби во сточарска населба. Старешината на бачилото се нарекува бач.

Покрај бачилото основни градби во една сточарска населба се: колиба, трло, слон, појата, страга, поило, солило, говедарник и кочина. Бачилото и колибата се наменети за сточарите, а останатите објекти за ситниот и крупниот добиток. Бачилото е поделено на два дела: во првиот дел, каде се отвореното огниште со казанот, креветите и садовите за брашно и сол, престојуваат сточарите, а во вториот дел, каде се преработува млекото во млечни производи, се сместени качиња, бутини, ведра, чинии, котлиња и др.

Галерија

Народни поговорки Бачило од кокошки не се прави. От такво бачило, таква мас.

Поврзано Обор (сточарство) Катун (сточарство) Кошара

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Земјоделски градби Категорија:Сточарство