мини|355x355пкс|Асен Богданов (во средина на сликата, означен со X), со бугарски војници, полиција и домашни бугаромански контрачетници. Асен Богданов ( — во ) ― бугарски полициски началник на Скопската Oбласт, за време на бугарската окупација на Македонија - функцијата ја извршувал од 1943 до 1944 година.

Во вардарскиот дел на Македонија, тој пристигнал во јануари 1943 година. Тука организирал мрежа соработници (домашни предавници) и создал посебни вооружени полициски органи - контрачети меѓу кои и одредот „Поручник Бирман“, контрачети составени од Албанци, во повеќе околии во овие делови на Македонија. Во летото 1943 година, тој ја основал организацијата Општествена сила. Тесно соработувал со тајната германска полиција Гестапо.

Судењето за злосторствата

Злосторства Асен Богданов е поврзуван со многу злосторства извршени ни територијата на денешна Република Македонија. Неговото име е поврзано и со Ваташкиот масакр. После неговото пристигнување во Ваташа на средба со Љубен Апостолов, бил направен список за апсење на Ваташките младинци. Контрачетите кои тој ги командувал учестувале во обезгалвувањето на тинејџерката Невена Георгиева-Дуња, убиството на Трајче Петкановски, за чие убиство Богданов ја издал наредба бр.1198 од 20 август 1943 година со која пофалува и наградува двајцата извршители-контрачетници, нападот на партизанскиот одред од Прилеп, напад на партизаните учесници во Февруарскиот поход и други слични настани.

Судење и смрт По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, станал директор на полицијата во Софија. Бугарија пробала да го осптруира неговото предавање на македонските власти, но сепак во мај 1948 година бил притворен и предаден на македонските власти и во јавниот судски процес во Скопје, ноември 1948 година бил осуден на смрт и бил стрелан заедно со Димитар Раев и Борис Жуглов.

Во весникот „Нова Македонија“ од ноември 1944 година, бил направен осврт врз признанијата на Богданов кои се однесуваат на бугарската окупација и насилното вродување на бугарски карактер на македонскиот народ. Асен Богданов, признал дека во Македонија немало бугарски елемент:

Наводи

Надворешни врски

Какви пропагандни активности преземала бугарската окупаторска власт за разнебитување на македонскот народ во Велес во 1943 година - Георги Малковски Извадок од книгата Судењата како последен пораз Асен Богданов за бугарските надежи Кои се Асен Богданов и Иван Маринов? Долу Бугарија! Горе Македонија! - извештај за фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Македонија и ФК Левски, кој е тема на филмот Трето Полувреме

Категорија:Бугарски контрачетници Категорија:Бугарски воени лица Категорија:Затвореници во Македонија Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Бугарски затвореници и притвореници