Климатските промени во Македонија доведуваат до долгорочни влијанија врз земјоделството во Македонија, поинтензивни топли бранови и студени бранови, почести поплави и намалена достапност на вода. Дебатите за тоа како да се решат овие долгорочни предизвици предизвикани од климатските промени, исто така, предизвикале промени во енергетскиот сектор и во стратегиите за ублажување. Климатскиот индекс на „Џерманвоч“ ја ставил Македонија на 8 место во светот според степенот на загрозеност од климатските промени во 2016 година, додека во 2015 година била на 18 местоwww.dw.com/mk - Климатски промени: Македонија осма најзагрозена држава во светот. Високото рангирање на Македонија во однос на ризиците се должи на два настани кои се случиле во 2016 година. Првиот бил извонредно студената зима која ја зафатила Источна Европа и која имала влијание и врз земјата, со температури кои неретко паѓале и под 20 степени. Вториот настан се катастрофалните поплави кои зафатиле делови од Скопје.
Република Македонија ја ратификувала Рамковната конвенција на ОН за климатски промени УНФЦЦЦ (UNFCCC) во декември 1997 година и Протоколот од Кјото во 2004 година. Одговарајќи на обврските од потпишувањето на Рамковната конвенција како земја којашто не припаѓа во групата земји од Анекс I, беа изготвени и доставени Првиот национален извештај за климатски промени во 2003 година и Вториот национален извештај во 2008 година. Подготовката на Третиот национален извештај започнало во април 2012 година. Во претходните национални извештаи, инвентарите биле подготвени за периодот 1990 - 2002 година, со примена на методот ниво 1 (наједноставниот метод) за повеќето сектори. Методологиите од ниво (тиер) 2 биле делумно применети во енергетскиот сектор, одговорен за над 70% од емисиите. Инвентарот за периодот 2003 - 2009 бил завршен со користење на методологија пропишана во 1996 годинаНаташа Марковска, Eмилија Попоска, Eлена Гаврилова, Игор Ристовски; Национален инвентар на стакленички гасови - РЕЗИМЕ, CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје, стр. 5..
Република Македонија го потпишала Парискиот договор во 2015 година и на 7 ноември 2017 го ратификувала без ниту еден глас против. Во согласност со Парискиот договор, земјата ги доставила соодветните национални придонеси за климатските промени (INDC) како дваесет и трета земја во светот, според Одлуката на Владата бр. 42-17/91 од 28 јули 2015 година. Министерството за животна средина и просторно планирање е назначено за националнo тело за контакт за Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото. Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за финансии. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања исто така го поддржува спроведувањето на проектите во земјата кои се поврзани со клима и енергија.
Вовед Македонија, како страна која не припаѓа во Анекс 1 на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), уште од 2000 година развива Инвентар на антропогени емисии (по извори) и отстранувања (по понори) на стакленички гасови, кои се емитирани во или отстранети од атмосферата. Инвентарот се развива како дел од Националните планови за климатски промени и Двогодишните извештаи. До UNFCCC биле поднесени три Национални планови (во 2003, 2008 и 2014 година) и Првиот двогодишен извештај (во 2015 година)Министерство за животна средина и просторно планирање; извештај за националниот инвентар за стакленички гасови, Скопје 2017 година..
Првиот Национален инвентар на стакленички гасови бил развиен во рамките на Првиот национален план за климатски промени (FNC) за периодот 1990–1998 година, а во рамките на Вториот национален план за климатски промени (SNC), се направило ревизија на инвентарот за овој период и негово проширување од 1999 до 2002 година. Во Третиот национален план (TNC), инвентарот на стакленички гасови го опфати периодот од 2003–2009 година. Временската серија од инвентарот била проширена за периодот 2009 – 2012.
Процесот на изработка на Национален инвентар на стакленички гасови ги вклучува следните клучни субјекти: Министерство за животна средина и просторно планирање Тим за развој на инвентар на стакленички гасови, составен од тим од ИЦЕОР- МАНУ и надворешни секторски експерти чија одговорност е развивање на инвентар на стакленички гасови за четири различни сектори (Енергетика, Индустриски процеси и користење на производи, Земјоделство, шумарство и други употреби на земјиштето и Отпад) и пресметка на претходници и индиректни емисии; Снабдувачи/Извори на податоци, од кои Државниот завод за статистика е најважниот извор на податоци; Тим за верификација, кој вклучува експерти кои прават контрола на квалитетот Стакленички гасови
Инвентарот на стакленички гасови бил подготвен во 2016 година. Согласно Упатствата од 2006, проценетите емисии и понори на стакленички гасови се поделени во следните пет сектори: Енергетика Индустриски процеси и користење на производи Отпад Други
Збирните емисии на стакленички гасови (нето емисии) во 2014 се проценува дека се 9.023 Gg CO2-eq (вклучувајќи ги и шумарството и другите употреби на земјиштето).
+ Емисии и понирања на стакленички гасови по сектори (во Gg CO2- eq) Сектор 2003 2008 2012 2013 2014 Енергетика 8.887,7 9.026,7 9.450,6 8.419,4 7.957,5 Индустрија 845,2 1.132,1 776,4 923,1 921,6 Земјоделство 1.071,6 1.072,3 1.019,4 989,2 1.001,8 Шумарство -3.757,9 1.351,0 1.914,8 -1.837,0 -3.181,1 Отпад 1.550,7 1.765,5 2.146,8 2.226,1 2.323,4 Доколку не се земат предвид емисиите и понирањата од секторот Шумарство и други употреби на земјиштето, тогаш вкупните емисии на стакленички гасови во 2014 се проценуваат 12.204 Gg CO2-eq. Најголем удел имаат емисиите од секторот Енергетика, со 65,2% во 2014, а после тоа се секторот Отпад со 19% учество, секторот Земјоделство (без шумарство и други употреби на земјиштето) со 8,2% и секторот Индустриски процеси и користење на производи со 7,6%. Доминантното учество на емисиите од секторот Енергетика може да се забележи низ целата временска серија. Анализирајќи ги емисиите по гасови (без секторот Шумарство и други употреби на земјиштето), може да се забележи дека низ целата серија преовладуваат емисиите на CO2. Нивното учество во 2014 изнесувало 69,3%, а потоа следат емисиите на CH4 со 25,6%, емисиите на N2O со 3,6% и сите гасови кои содржат флуор (F-гасови) со 1,5%.
+ Емисии на стакленички гасови, по гасови (во CO2- eq) Гас 2003 2008 2012 2013 2014 CO2 (со шумарство) 5.554,5 10.832,4 11.766,2 7.097,0 5.272,7 CO2 (без шумарство) 9.312,4 9.481,4 9.851,4 8.934,0 8.453,8 CH4 2.475,0 2.640,3 2.989,9 3.018,0 3.125,6 N2O 424,6 484,7 449,2 439,0 441,5 HFCs 89,8 390,1 96,7 165,2 183,5 PFCs 53,4 0,2 6,0 1,4 0,0
Енергетика
Енергетскиот сектор во Македонија главно се заснова на фосилни горива. Нивниот удел во вкупните потреби на енергија изнесувал 86% во 2003 година, но се намалил на 81% и 79% во 2013 и 2014 година. Истовремено, енергијата произведена од обновливи извори на енергија останува на константни 11% од вкупното производство на енергија. Останатиот дел од вкупните потреби на енергија се покрива преку увоз на електрична енергија, кој се зголемил од 3% во 2003 година до 10% во 2014 година. Од друга страна, вкупните потреби на енергија во 2014 (2.628 ktoe) се намалиле за 3% споредено со потребите во 2003 и 2013 година (2.710 ktoe). Најголеми потреби на енергија се забележани во 2008 година, 3.012 ktoe.
Најдоминантно гориво во Македонија е јагленот, кој изнесува околу 50% од вкупните потреби на енергија, по кој следат суровата нафта и нафтените продукти со 33%. Во 2014 година, потребите на јаглен (главно лигнит) изнесувале околу 41% (1.074 ktoe), додека потребите на нафтени производи биле 34% (900 ktoe) од вкупните потреби на енергија. Електричната енергија заедно со биомасата се многу важни енергенти за Македонија, особено како домашни ресурси. Во 2014 година, електричната енергија достапна за финална енергетска потрошувачка изнесувала 6.730 GWh (578,5 ktoe). Инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија главно се состои од термоелектрани, со удел од 69% во 2003 година и 47% во 2014 година. Потоа следуваат хидроелектраните со 31% во 2003 година и 36% во 2014 година. Технологиите како фотонапонски, ветерните електрани и термоелектрани-топлани (те-то) исто така го зголемуваат својот удел, а во 2014 година тој изнесува 1%, 2% и 14% во вкупниот инсталиран капацитет.
Електричната енергија главно се произведува во термоелектрани, односно 68% во 2003 и 44% во 2014 година, а потоа следува производството од хидроелектрани кое изнесува 19% во 2003 и 15% во 2014 година. Иако 14% од инсталираниот капацитет во Македонија е од те-то, нивното производство во 2014 година изнесувало само 2%. Нето увозот на електрична енергија има значителен удел и изнесувал 37% во 2014 година.
Индустрија
Индустриското производство во Македонија е намалено по периодот на економска транзиција од 90-тите години. Многу индустриски постројки во земјата го намалиле обемот на производство или целосно прекинале со работа. Сепак, постојат неколку индустрии каде што производството останало стабилно или се зголемило со текот на времето, и овие индустрии се дел од најголемите придонесувачи на емисии на стакленички гасови во секторот индустрија. Поголемиот дел од емисиите на стакленички гасови доаѓаат од минералната индустрија, односно од производството на цемент и од металната индустрија односно од производството на челик и феролегури. Остатокот на емисиите на стакленички во земјата доаѓаат од употреба на супститути на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка (ODS) за ладење и климатизација. Сите вакви супстанции се увезени во земјата. Не постои индустриски погон за производство на ODS во Македонија, така што сите емисии од оваа категорија се резултат на полнење, користење или уништување на опремата која ги содржи овие гасови.
Нивото на вкупните емисии на стакленички гасови од овој сектор е генерално конзистентно во текот на целиот период од 1990-2014. Емисиите во 2013 година изнесуваат 923,1 Gg CO2-eq или 9,1%, а во 2014 година изнесува 921,6 Gg CO2-eq или 7,6% од емисиите на стакленички гасови (со исклучок на Шумарството и другата употреба на земјиштето). Емисиите од производствени индустрии генерално следат тренд на намалување, додека емисиите од користење на производите се зголемуваат со текот на разгледуваниот временски период.
+ Емисии на стакленички гасови од секторот Индустрија Категории 2003 2008 2012 2013 2014 Индустриски процеси || 845,2|| 1.132,1|| 776,4 || 923,1|| 921,6 Минерална индустрија || 318,6 || 369,3 || 283,0|| 301,9|| 285,6 Производство на цемент 299,6 357,3 266,6 284,9 267,9 Производство на вар 5,5 0,0 / / / Производство на стакло 0 0 0 0 0 Други процеси кои користат карбонат 13,4 12,0 16,4 17,1 17,7 Керамика 0,2 0,1 0,1 0,1 0,1 Друго користење на сода 2,1 2,2 2,2 2,2 2,2 Останато 11,2 9,7 14,1 14,7 15,3 Хемиска индустрија || 0|| 0|| 0|| 0||0 Производство на сода бикарбонат 0 0 0 00 Метална индустрија || 436,8|| 372,7||396,7||455,9||452,5 Производство на железо и челик 53,1 46,3 67,0 70,0 73,0 Производство на феролегури 232,3 326,2 323,0 384,3 379,5 Производство на алуминиум 59,5 0,2 6,7 1,6 / Производство на олово 7,1 / / / / Производство на цинк 84,9 / / / / Неенергетски производи од горива ||/ ||/ ||/ ||/ ||/ Индустрија за електроника ||/ ||/ ||/ ||/ ||/ Користење на производи како замена за супстанции ||89,8|| 390,1|| 96,7|| 165,2|| 183,5 Уреди за разладување 89,8 390,1 96,7 165,2 183,5 Фрижидери 89,8 390,1 96,7 165,2 183,5 Отпад