Санде Димчев Алексовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно печалбарско семејство. По професија бил слаткар. За време на фашистичката окупација на Македонија, бил принуден да работи како градежен работник во Булчица, близу Пешкопеја. Таму, меѓу своите другари ги пропагирал идеите на народно-ослободителното движење. Поради тоа бил принуден да ја напушти Албанија, и се населил во Скопје. Со капитулацијата на Царството Бугарија, при земање на оружје и муниција од опустошените касарни, бил ранет во рамото. Пред конечниот напад на Скопје, иако уште сосема не бил излечен, стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада и во состав на истата зел учество во уличните борби за ослободувањето на градот Скопје. Храбро загинал, на 12 ноември 1944 година, кај Камениот мост.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје