мини|Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Душан Василевски Душан Цветков Василевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште, тој се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година, кога балистичките сили се концентрирале во Скопска Црна Гора, и пристапил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во поголем број тешки и крвави борби против балистите. Во една таква борба, на 16 септември 1944 година, храбро загинал на положбите кај Чучерска Стена. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.

Поврзано

Стојко Василевски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ