thumb|right|220п|Насловната страна на Голдберговите варијации (прво издание) „Голдбергови варијации“ (наречени и „Голдберг-варијации“; ; BWV 988) — збирка од 30 варијации за чембало од Јохан Себастијан Бах. За првпат е издадена во 1741 како четврта во низата наречена „Вежби за клавијатура“ (Clavier Ubung). Делото се смета за еден од најважните примери за формата варијација. Именувана е по Јохан Готлиб Голдберг, кој бил првиот нејзин изведувач.
__NOTOC__ Компонирање | Издавање | Форма ВаријацииАрија1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30Главна арија BWV1087 | Изданија Поврзано | Белешки и наводи | Надворешни врски
Компонирање Приказната за компонирањето на варијациите доаѓа од биографија на Бах напишана од Јохан Николаус Форкел:
[За ова дело] дело заслужна е истрагата на некогашниот руски амбасадор на електорскиот двор на Саксонија, гроф Кајзерлинг, кој често застанувал во Лајпциг и со него го доведувал гореспоменатиот Голдберг, за да биде подучуван од Бах. Грофот често бил болен, и страдал од непроспани ноќи. Во таквите ноќи, Голдберг, кој живеел со него, му свирел на грофот во претсобјето додека тој имал несоница. ... Еднаш грофот споменал во присуство на Бах дека би сакал некои дела за клавијатура за Голдберг, кои би биле глатки и со жив карактер, како би го разонодиле во несоните ноќи. Бах сметал дека ова можел најдобро да го постигне со варијации, чие компонирање дотогаш сметал дека е неблагодарна задача заради повторливата сличност на нивната хармониската основа. Но како што дотогаш неговите дела веќе биле пример за уметност, такви станале и овие варијации. Сепак, тој искомпонирал само едно дело од овој тип. Оттогаш, па натаму грофот секогаш ги нарекувал моите варијации. Никогаш не му додевале, и долго време при несоница, грофот велел: 'Драги Голдберг, дај засвири ми од моите варијации.' Бах веројатно никогаш не добил таква награда за другите негови дела. Грофот му подарил златен пехар со 100 златни луја. Дури и подарокот да бил илјадапати поголем, уметничката вредност на варијациите не би можела да се исплати. (превод од изданието на Ралф Керкпатрик наведено подолу)
Форкел ја напишал биографијата во 1802, повеќе од 60 години по наведените случки, па така нејзината точност е доведена во прашање. Фактот што насловната страна на „Арија со разновидни варијации“ нема посвета исто така укажува на малата веројатност за тврдењето дека делото е порачано. За време на издавањето Голдберг имал само 14 години, па и ова се смета за фактор против вистинитоста на приказната. Во скорешна студијаBach: The Goldberg Variations; Cambridge University Press, 2005 клавијатуристот и Бахов истражувач Питер Вилијамс тврди дека Форкеловата приказна е сосема невистинита.
Издавање
Необично за Баховите дела, Голдберговите варијации биле издадени за време на неговиот живот, во 1741. Издавачот бил неговиот пријател Балтазар Шмид од Нирнберг. Шмид го печател делото со бакрорези (наместо со типографија); така белешките на првото издание се со ракописот на Шмид. Ова издание содржи разни печатарски грешки.
Гореприкажаната насловна страна е испишана на германски: Clavier Ubung / bestehend / in einer ARIA / mit verschiedenen Veraenderungen / vors Clavicimbal / mit 2 Manualen. / Denen Liebhabern zur Gemüths- / Ergetzung verfertiget von / Johann Sebastian Bach / Königl. Pohl. u. Curfl. Saechs. Hoff- / Compositeur, Capellmeister, u. Directore / Chori Musici in Leipzig. / Nürnberg in Verlegung / Balthasar Schmids, which means: „Вежби за клавијатура, се состојат од АРИЈА со развноврсни варијавции за чембало со два мануела. Компонирано за познавачи, за освежување на нивниот дух, од Јохан Себастијан Бах, композитор на кралскиот двор на Полска и електронскиот двор на Саксонија, капелмајстор и директор на хорска музика во Лајпциг. Нирнберг, Балтазар Шмид, издавач.“
Во овие „Вежби за клавијатура“, според некои, Бах ги ставил варијациите како четврти (и последни) во серијата на клавијатурни (органа и чембало) дела кои ги издал (дел 1 - Партити, дел 2 - Италијански концерт и Француска увертира и дел 3 - серија на хоралски прелудиуми за органа врамени од прелудиум и фуга во Ес-дур). Бидејќи конкретно Бах не наведува дека тие е четврт дел, за разлика од другите три, сѐ уште с ерапсрава за тоа дали тој ги сметал за четврт дел од серијата. Има логика во тоа дека другите три сочинуваат кохерентна целина: првиот е јасно предвиден само за еден мануел, вториот за два, а третиот за три.
Денес се останати деветнаесет примероци од првото издание. Од овие највредна е онаа која се чува во Националната библиотека на Франција, париз, која има поправки и додавки од раката на композиторот, вклучувајќи и додаток со четиринаесет канони засновани на првите осум бас ноти од аријата, BWV 1087.
Оие копии ја претставуват севкупноста на информации за денешните стручњаци кои се обидуваат да ги реконструираат намерите на Бах; ракописната (првична) партитура не е зачувана. Само аријата е зачувана во ракопис, и се содржи во „Тетратка за Ана Магдалена Бах“ (1725). На основа на ракописот, Кристоф Волф, вели дека Ана Магдалена ја препишала аријата од ракописната партитура во 1740; се јавува на две страни кои пред тоа биле оставени празни.
Форма
По изложувањето на аријата на почетокот на делото, доаѓаат триесет варијации. Варијациите не ја следат мелодијата на аријата, туку ја користат нејзината басова линија и созвучна прогресија. Бидејќи за делото често се вели дека е шакона — разликата е во тоа што темата за шакона е обично долга само четири такта, додека оваа арија е во два дела два дела од по шеснаесет такта, од кои секој се повторува.
Оваа басова линија е нотирана од Ралф Керкпатрик во неговата изведбена верзија на следниов начин. Басовата линија можеме да ја чуеме како звучен податотека (Ogg формат, 391 Кб).
637px
Цифрите над нотите го означуваат наведеното созвучје во системот на генералбас; каде што цифрите се одделени со запирка, означуваат разни можности земени од разни варијации.
Секоја трета варијација во низата од 30 е канон, следејќи нагорна шема. Така, варијација 3 е канон на едногласие, варијација 6 е канон на втората (вториот запис започнува интервал на секунда над првиот), варијација 9 е канон на третата, и така натаму, сѐ до варијација 27, која е канон на деветтата. Последната варијација, наместо канон на десеттата, е кводлибет, за кој се зборува подолу.
Ралф Керкпатрик посочува и дека варијациите меѓу каноните се исто така наредени по шема. Ако го изоставиме првичниот и последниот и крајниот материјал од делото (аријата, првите две варијации, кводлибетот, и главната арија), останатиот материјал е респореден вака: варијациите веднаш по секој канон се битови дела од разни видови, меѓу кои се три барокни танци (4, 7, 19); фугета (10); француска увертира (16); и две китести арии за десна рака (13, 25). Варијациите сместени две места по секој канон (5, 8, 11, 14, 17, 20, 23, 26 и 29) се т.н. „арабески“; овие се варијации во жив такт со многу вркстување на рацете. Оваа тројна шема - канон, битово дело, арабеска — се повторува вкупно девет пати, сѐ додека кводлбетот не го прекине циклусот.
на крајот на тиресетте варијации стои главна арија, што значи дека исполнителот треба да се врати на првата арија пред да го заврши делото.
Варијации It should be noted that the piece has been played in a wide variety of ways, and there are a range of views on the work, not all of them represented here.
Делото е компонирано за двомануелно чембало (видете клавијатура). Варијациите 8, 11, 13, 14, 17, 20, 23, 25, 26, 27 и 28 се назначени за два мануела, додека варијациите 5, 7 и 29 се или за еден или за два. Меѓутоа, со поголеми потешкотии, делото може да се свири на едномануелно чембало или пијано. Сите варијации се во Г-дур, освен варијациите 15, 21 и 25, кои се во Г-мол. Многу од варијациите се бинарни по форма, т.е., дел А е проследен од дел Б.
Арија
Аријата е сарабанда во 3/4 такт, со мошне орнаментирана мелодија: center|800px Францускиот стил на орнаментација значи дека орнаментите се дел од мелодијата, но некои изведувачи (како Вилхелм Кемпф на пијано) ги испуштат некои или сите орнаменти и ја свират аријата без нив.
Питер Вилијамс, во делото Bach: The Goldberg Variations (во наводите подолу), вели дека ова воопшто не е тема, туку всушност првата варијација (став кој потенцира дека делото е шакона а не вистинска варијациона форма).
Варијација 1
Оваа весела варијација е во особен контраст со бавната замисленост на темата. Интересно е тоа што ритамот во левата рака дава нагласок на вториот удар, создавајќи синкопа од такт 1 до 7. Рацете се вкрстуваат на такт 13 од горниот регистар на долниот, повторно синкопирајќи други два такта. На првите два такта на делот Б, ритамот го имитира оној од почетокот на делот А, но по ова се јавува друга идеја.
Вилијамс ја гледа оваа композиција како полонеза. Карактеристичниот ритам во левата рака го среѓаваме и кај Баховата Партита Бр. 3 за соло виолина и прелудиумот во Ас-дур од првата книга на Добро темпериран клавир.
Варијација 2
Ова е просто триделно констрапунктно дело во 2/4 такт, фва гласа се во постојана мотивска игра преку непрестајна басова линија. Делото е речиси чист канон. Секој негов дел има наизменичен крај за свирење, како и второ повторување.
Варијација 3
Ова е првиот од правилните канони, и е едногласен: следбеникот почнува со иста нота како и водачот, такт подоцна. Како и кај сите канони на Голдберговите варијации (освен Варијација 27, канон на деветтата), овој има придржна басова линија. Тактот е 12/8 и многу збирови триоли потсетуваат на вид симплистички танц.
Варијација 4
Како паспето, барокнен танцов став, оваа варијација е во 3/8 такт со претежност на трилерски ритми. Бах користи блиска, но не точна имитација: музичката шема во еден дел повторно се јавува по еден такт во друг (понекогаш инверзно). center|Првите осум такта од Варијација 4 Секој повторен дел има наизменични краеви по прв и вторпат.
Варијација 5
Оваа е прва од дводелните варијации со вкрстување на раце. Тактот е 3/4. Брза мелодиска линија главно компонирана во шеснаесеттини ноти, придружувана од друга мелодија со подолги ноти, во која има многу широки скокови: center|thumb|800px|Првите четири такта од Варијација 5 Тука се користи италијанскиот тип на вкрстување на раце, со тоа што една рака постојано оди напред-назад помеѓу високи и ниски регистри, додека другата рака останува во средината на клавијатурата, свирејќи ги брзите премини.
Варијација 6
Шестата варијација е канон на втората (): следбеникот започнува голема секунда повисоко од водачот. Делото се заснова на надолна скала и е во 3/8 такт. Чембалистот Ралф Керкпатрик вели дека делото се одликува со „речисти носталгична нежност“. Секој дел има неизменичен крај за свирење на првото и второто повторување.
Варијација 7
Во неговиот сопствен примерок на Голдберговите варијации, Бах наведува дека овој танц во 6/8 такт треба да се свири во темпо на гига, кој е жив, енергичен танц. center|Првите четири такта на Варијација 7 Ритмичката шема со точки на оваа варијација (нас сликата) е многу слична со онаа на гигата од Баховата втора Француска свита и со гигата француската увертира. Басовата линија и мелодијата се одликуваат со доста орнаментација.
Варијација 8
Ова е уште една дводелна варијација со вкрстување на рацете, во 3/4 такт. Тука се користи францускиот тип на вкрстување, каде обете раце свират на истиот дел од клавијатурата, една над друга. Ова е релативно лесно за изведување на двомануелно чембало, но прилично тешко на пијано.
Највеќето тактови се одликуваат или со карактеристична шема од единаесет шеснаесеттини и шеснаесеттински остаток, или десет шеснаесеттини и една осмина нота. Можат да се забележат големи скокови во мелодијата, како на пример, во тактовите 9-11: од Б под средно Ц во такт 9, од А над средно Ц до А октава повисоко во такт 10, и од Г над средно Ц со Г октава повисоко во такт 11. Двата дела завршуваат со надолни премини во триесет и вторини.