Ветрен — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува некропола од железно време.

Местоположба и наоди На 2,7 км југоисточно од селото, во подножјето на ридот и археолошко наоѓалиште Градиште, има остатоци од гробови со конструкција од грубо обработени плочи, како и фрагменти од големи питоси кои наведуваат постоење на погребувања во питоси. Спорадично се среќаваат и фрагменти од керамички садови со груба фактура.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Галерија

Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време; Вреж — населба од неолитското време; Градиште — утврдена населба од железното време; Дабица — населба и некропола од римското време; Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време; Јокуш — некропола од римското време; Мишевска Воденица — вила рустика од римското време; Старо Село — населба и некропола од средновековното време; Црквиште — населба и некропола од римското време; Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Немањици