мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Видоје Зивчевиќ Видоје Младен Зивчевиќ ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Потоа се занимавал со земјоделство. Во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил при самото нејзино формирање. Учествувал во сите борби на бригадата, против балистите на падините на Скопска Црна Гора. Бил учесник и во акциите против Германците во Качаничката Клисура. Во една борба против балистичките банди бил заробен. По ѕверското мачење балистите го убиле. Посмртните останки му биле погребани на селските гробишта во Чучер.

Поврзано

Живко Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ Бојко Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ Љубе Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје