Бранко Јорданов Ивановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил основно училиште во родното место. Немајќи услови да го продолжи образованието, станал општ работник. Учествувал во народно-ослободителното движење веднаш по окупацијата. Поради тоа уште во 1943 година бил примен за член на СКОЈ. Стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада и бил распореден во вториот баталјон. Бил назначен за десетар во втората чета. Во партизани го добил прекарот Партало. Во борбите против балистите на терените на Водно - Треска се истакнал со својата храброст. На 13 ноември учествувал во опколувањето на германските утврдени позиции во Учителското училиште. Обидот на Германците да го пробијат партизанскиот обрач, останал безуспешен. Но, во една од тие битки, тој храбро загинал. Бил закопан на скопските rробишта.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје