Променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј (бета-кефеида) или ѕвезда од типот на Бета Големо Куче — вид променливи ѕвезди кои покажуваат мали брзи промени во нивната сјајност поради пулсирањата на нивната површина, што се должи на наобичните својства на железото при температура од 200.000 K во нивната внатрешност. Ваквите ѕвезди обично се врели и синобели од спектралната класа B, и не треба да се мешаат со кефеидите, кои се наречени по ѕвездата Делта Кефеј и се сјајни суперџинови.

Својства Бета-кефеидите се ѕвезди на главната низа со маса од 7 до 20 M (т.е. маса 7–20 пати поголема од Сончевата). Меѓу нив се некои од најсјајните ѕвезди на небото, како што се Бета Јужен Крст и Бета Кентаур; Спика исто така се смета за бета-кефеида, но престанала да пулсира во 1970 г. од необјасниви причини. Обично сјајноста им се колеба од 0,01 до 0,3 величини во период од 0,1 до 0,3 дена (2,4–7,2 часа). Прототипната Бета Кефеј (β Cep) покажува колебање на привидната величина од +3,16 до +3,27 со период од 4,57 часа. Најголемата сјајност ја достигнува кога е најмала и најврела. Најголем замав во сјајноста (до 1 величина) имаат на ултравиолетови бранови должини. Кај мал број на ѕвезди е забележан период покус од еден час, што одговара на од фундаменталниот периодот на радијално пулсирање и од фундаменталниот период. Овие ѕвезди исто така имаат и релативно мали замави и мошне тесен опсег на спектрални типови B2-3 IV-V. Тие се нарекуваат краткопериодна група со акронимот BCEPS.

Пулсирањето на бета-кефеидите се дело на капа-механизмот и пулсирањата на p-начин. На длабочина каде температурата достигнува 200.000 K, ѕвездата изобилува со железо. При овие температури, железото има зголемена (наместо намалена) непровидност, поради што доаѓа до насобирање на енергија во тој слој. Ова води до зголемен притисок кој повторно го истуркува слојот нанадвор, и циклусот се повторува во рок од неколку часа. Ова се нарекува Fe-туркање или Z-туркање (Z ја означува металичноста на ѕвездата). Сличните бавнопулсирачки B-ѕвезди покажуваат пулсирања на g-начин водени од истите промени во непровидноста на железото, но тука ѕвездите се со помала маса, а периодите се подолги.

Историја на набљудување Американскиот астроном Едвин Брент Фрост ги открил колебањата во радијалната брзина на Бета Кефеј во 1902 г., првично заклучувајќи дека се работи за спектроскопска двојка. Колебањата во сјајноста прв ги открил германскиот астроном Паул Гутник во 1913 г. Наскоро ваквата колебливост била забележана и кај Бета Големо Куче и Сигма Скорпија, Весто Слајфер во 1904 г. забележал дека радијалната брзина на Сигма Скорпија се колеба, а Р.Д. Леви (1952) и Ото Струве (1955) потоа заклучиле дека ова мора да се должи на нејзиното пулсирање. Овие ѕвезди почнале да се нарекуваат променливи од типот на Бета Големо Куче бидејќи таа ѕвезда била најтемелно проучена во првата половина на XX век, иако набљудувањата биле отежнати од фактот што се наоѓа ниско јужното небо. Меѓутоа, Бета Кефеј бил првиот откриен член на класата и затоа денес ваквите ѕвезди се нарекуваат бета-кефеиди, иако носат слично име на кефеидите и можат да бидат помешани со нив.

Сесилија Пејн-Гапошкин и Сергеј Гапошкин завеле 17 веројатни членови на класата во нивното дело Променливи ѕвезди од 1938 г., иако тие ги ставиле заедно во со променливите од типот на Делта Штит. Reprinted in Доста проучувана пред 1952 г. била и ѕвездата 16 Гуштер. Бројот на познати членови се накачил на 41 во 1966 г. Ото Струве доста темелно ги проучувал бета-кефеидите во 1950-тите, но посветеноста на нив опаднала по неговата смрт.

Христијан Л. Стеркен и Миколај Јежикевич во 1993 г. завеле 59 како конечни, и уште 79 како претпоставени бета-кефеиди. Станков завел 93 члена во неговиот каталог од 2005 г. и додал уште 77 кандидати и 61 слаби или отфрлени ѕвезди. Кај шест ѕвезди (Јота Херкул, 53 Риби, Ни Еридан, Гама Пегаз, HD 13745 (V354 Персеј) и 53 Овен) е утврдена променливост на бета-кефеиди, а воедно и на бавнопулсирачки B-ѕвезди.

Список на бета-кефеиди ИмеСоѕвездиеОткриенаНајголема привидна величина (mV)Најмала привидна величина (mV)Период (часови)Спектрална класаЗабелешка β CMa Големо Куче 1909 (Вилијам Волес Кемпбел) 1,93 2,00 6.031 B1II-III пулсирање од 6,03, 6,00 и 4,74 часа ξ1 CMa Големо Куче 4,33 4,36 5.030 B0.5IV   15 CMa Големо Куче 4,79 4,84 4.429 B1III-IV   V376 Car Кобилица 4,91 4,96 0.4992 B2IV-V BCEPS-ѕвезда V372 Car Кобилица 5,70 2.78 B2III   β Cen Кентаур 0,61 3.768 B1II   ε Cen Кентаур 2,29 2,31 4.070 B1V   κ Cen Кентаур 3,13 3,14 2.288 B2IV   χ Cen Кентаур 4,40 0.84 B2V BCEPS-ѕвезда β Cep Кефеј 1902 (Едвин Брент Фрост) 3,16 3,27 4.572 B2IIIe прототипна δ Cet Кит 4,05 4,1 3.867 B2IV   β Cru Јужен Крст 1,23 1,31 4.589 B0.5IV   δ Cru Јужен Крст 2,78 2,84 3.625 B2IV ω1 Cyg Лебед 4,94 B2.5IV потврдена со високоразделна спектроскопија ν Eri Еридан 3,87 4,01 4.164 B2III повеќепериодична; воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда 12 Lac Гуштер 5,16 5,28 4.634 B1.5III воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда 16 Lac Гуштер 5,30 (B) 5,52 (B) 4.109 B2IV   α Lup Волк 1956 (Бернард Пагел) 2,29 2,34 6.235 B1.5III   δ Lup Волк 3,20 3,24 3.972 B2IV   ε Lup Волк 3,36 3,38 2.316 B2IV + B3V троен систем; главната е спектроскопска двојка ι Lup Волк 3,54 3,3.55 B2.5IV не се заведува како BCEP од 1997 г. наваму τ1 Lup Волк 4,54 4,58 4.257 B2IV   19 Mon Еднорог 4,96 5,01 4.589 B1IV-Vea   α Mus Мува 2,68 2,73 2.167 B2IV-V првично сомнителна, потврдена со високоразделна спектроскопија θ Oph Змијоносец 3,25 3,31 3.373 B2IV   η Ori Орион 3,31 3,35 7.247 B0.5Vea + B3V четвороѕвезда; воедно и алголска променлива; составницата Ab е пулсирачката ѕвезда γ Peg Пеаз 1953 (Д. Харолд Мекнамара) 2,78 2,89 3.643 B2IV воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда ε Per Персеј 2,88 3,00 3.847 B0.5V   PT Pup Крма 5,72 5,74 3.908 B2III   λ Sco Скорпија 1,59 1,65 5.129 B1.5IV + PMS + B2IV троен систем; воедно и алголска променлива κ Sco Скорпија 2,41 2,42 4.795 B1.5III   σ Sco Скорпија 1904 (Весто Слајфер) 2,86 2,94 5.923 B1III четирикратен систем Спика Девица 0,85 1,05 6.520 B1IV сјајноста престанала да се колеба во 1970 г. BW Vul Лисица 6,44 6,68 4.8 B2IIIv бета-кефеида со најголема промена во радијалната брзина

Список на поранешни, отфрлени или кандидатни бета-кефеиди ИмеСоѕвездиеОткриенаНајголема привидна величина (mV)Најмала привидна величина (mV)Период (часови)Спектрална класаЗабелешка ι CMa Големо Куче 4м,36 4м,40 33.6 B3Ib/II не се смета за β Cep-променлива FN CMa Големо Куче 5м,38 5м,42 36.7 B0.5IV повеќе не се смета за β Cep-променлива χ Car Кобилица 3м,46 2.42 B2IV не се смета за β Cep-променлива V343 Car Кобилица 4м,30 57.11 B1.5III не се смета за β Cep-променлива ζ Cha Камелеон 5м,06 5м,17 25.91 B5V се смета за SBP λ Cru Јужен Крст 4м,60 4м,64 9.482 B4Vne не се смета за β Cep-променлива θ2 Cru Јужен Крст 4м,70 4м,74 2.134 B2IV не се смета за β Cep-променлива 25 Cyg Лебед 5м,09 5м,21 5.04 B3IVe γ Cas-променлива, не се смета за β Cep-променлива ι Her Херкул 2м,93 B3IV повеќе не се смета за бета-кефеида η Hya Водна Змија 4м,27 4м,33 ~4 B3V повеќе не се смета за бета-кефеида NW Pup Крма 5м,04 5м,18 3.00 B3Vea воедно и втречка елипсоидна променлива, не се смета за β Cep-променлива α Pyx Компас 3м,67 3м,70 B1.5III кандидат за бета-кефеида Меропа Бик 4м,17 4м,19 B6IVe B(e)-ѕвезда, не е бета-кефеида IS Vel Едро 5м,23 2.592 B1IVn кандидат за бета-кефеида HR 3440(HW Vel) Едро 5м,46 5м,52 6.275 B6V кандидат за бета-кефеида 2 Vul Лисица 5м,36 5м,48 14.63 O8IV-B0.5IVeV B(e)-ѕвезда, не е бета-кефеида

Наводи