мини|250п|Ахил и Ајант на лекит од доцниот шести век Ајант или Ајант Големиот (старогрчки: Αἴας, Αἴαντος) — јунак од старогрчката митологија, син на саламинскиот крал Теламон.
Учеството во Тројанската војна Ајант бил вториот најдобар јунак во грчката војска (по Ахил), кој во Тројанската војна особено се прославил во одбраната на мртвото тело на Патрокло. Оттука, по смртта на Ахил, тој се надевал дека ќе го добие Ахиловото оружје, меѓутоа Агамемнон, по желбата на Атина Палада, не му го доделил нему (како најхрабар), туку на Одисеј (како најмудар). Поради тоа, Ајант полудел и заклал стадо овци, мислејќи дека се грчките војници (според една верзија), односно направил масакр во грчката војска (според друга верзија). Кога се освестил и видел што направил, тој извршил самоубиство.A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163.
Ајант како мотив во уметноста и во популарната култура „Ајант“ — драма на старогрчкиот писател Софокле. „Ајакс“ — фудбалски клуб од Амстердам, Холандија.
Наводи
Категорија:Луѓе во старогрчката митологија Категорија:Кралеви на Аргос Категорија:Ликови од Одисејата Категорија:Ликови од Метаморфози Категорија:Личности од Тројанската војна Категорија:Старогрчки јунаци