1786 Италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска. 1812 Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва. 1821 Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност. 1822 Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата. 1830 Отворањето на железничката линија Ливерпул – Манчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон. 1835 Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос. 1916 Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција. 1993 Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 1995 Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје. 2002 Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски. 15 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 15 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.