Спасен Станков Каранфиловски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделство. На 1 јуни 1944 година, тој стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби против бугарскиот и германскиот окупатор. Учествувал во успешниот напад на бригадата на затворот во Идризово за ослободување на политичките затвореници, потоа во борбите против Германците и нивните возови на железничката линија Скопје - Велес. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против балистите, на теренот покрај Треска, храбро загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ