Џошуа Дин Видас (роден на 9 јануари 1994 година во Хал) — англиски фудбалер, или на .
Биографија Виндас е роден во Хал, Хамберсајд. Toj е син на поранешниот фудбалер, Дин Виндас.
Технички карактеристики Примарно е офанзивен играч за врска, но Виндас може да игра и како напаѓач.
Кариера Виндас ја започнал својата кариера во екипата на . Тој поминал десет години во овој клуб пред да биде ослободен во април 2012. Својата сениорска кариера ја започнал во нисколигашот Харогет Релвеј Атлетик, на кој му се приклучил во декември 2012. Додека играл полупрофесионален фудбал во овој клуб, тој во исто време работел како градежен работник.
По завршувањето на сезоната 2012-2013, Виндас потпишал договор со Акрингтон Стенли во јули 2013, станувајќи официјално професионален фудбалер откако му се приклучил на клубот од Лига Два. Откако во првата сезона, ретко бележел минути поминати на теренот, следните две сезони биле многу важни за развојот на Виндас; во тие две сезони тој добил многу простор за игра благоарение на кој успеал да ги покаже својте квалитети постигнувајќи 23 голови, од кои 17 биле во последната сезона.
Откако во ноември 2015, на совет на својот татко одбил да го продолжи договорот со Акрингтон, во јануари 2016, заедно со својот соиграч Мат Крукс, Виндас потпишал четири годишен договор со шкотскиот великан Ренџерс. Двете засилувања од Акрингтон, официјално му се приклучиле на Ренџерс во јули 2016 и биле дел од подготвителните натпревари. Своето деби за Ренџерс, Виндас го направил на 16 јули 2016, во натпревар од Лига купот на Шкотска против Мадервел, а во истото натпреварување го постигнал и својот прв гол против Ист Стирлингшир.
Сезоната 2017-2018, била најдобрата на Виндас дотогаш во кариерата: тој постигнал 18 голови во сите натпреварувања со кој бил најдобар стрелец на Ренџерс (изедначен со Алфредо Морелос), а со 13 погодоци во лигата тој бил трет стрелец, единствено зад Крис Бојд од Килмарнок и неговиот тимски колега Морелос.
На 9 август 2018, Виндас се вратил во Англија, потпишувајќи за Виган Атлетик со кој играл во Чемпионшип. Во сезоната 2018-2019, тој постигнал 5 гола помагајќи им на Латикс да обезбедат опстанок во лигата. На 31 јануари 2020, Виндас бил позајмен на Шефилд Венздеј каде ја доиграл сезоната 2019-2020, а на 2 септември истата година бил откупен од Венздеј за необјавена сума. Иако со 9 гола Виндас бил најдобар стрелец на Шефилд Венздеј во Чемпионшип во сезоната 2020-2021, тој не успеал да го спречи испаѓањето на клубот од лигата.
Во јули 2025 година, како слободен играч Виндас потпишал за .
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 март 2020.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Акрингтон Стенли ФЛ2 10 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - ТФЛ 0 0 8 0 2014-2015 ФЛ2 35 6 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - ТФЛ 1 0 40 6 2015-2016 ФЛ2 30+2Плејоф. 15+1 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - ТФЛ 0 0 35 17Вкупно Акрингтон Стенли 75+2 21+1 8 1 - - 1 0 86 23 2016-2017 Ренџерс ШПЛ 21 0 КШ+ЛКШ 2+4 0+1 - - - - - - 27 1 2017-2018 ШПЛ 33 13 КШ+ЛКШ 4+3 5+0 ЛЕ 1Во квалификациските кола. 0 - - - 41 18 јул.-авг. 2018 ШПЛ 1 0 КШ+ЛКШ 0+0 0 ЛЕ 4 0 - - - 5 0Вкупно Ренџерс 55 13 13 6 5 0 - - 73 19 2018-2019 Виган Атлетик ФЛЧ 39 5 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 40 5 2019-јан. 2020 ФЛЧ 15 4 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 16 4Вкупно Виган Атлетик 54 9 2 0 - - - - 56 9 јан.-јун. 2020 Шефилд Венздеј ФЛЧ 9 3 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 9 3 2020-2021 ФЛЧ 41 9 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 44 10Вкупно Шефилд Венздеј 50 12 3 1 - - - - 53 13Вкупно во кариерата 234+2 55+1 26 8 5 0 1 0 268 64
Наводи
Надворешни врски
Џош Виндас на soccerway Џош Виндас на transfermarkt Џош Виндас на footballcritic Џош Виндас на whoscored
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Венздеј Категорија:Родени во 1994 година