мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Стојан Миленковски Стојан Стевков Миленковски (? во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година, силни балистички сили навлегле во неговото село и го ограбиле. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бриrада, стапил во нејзините редови. Неговото село бил меѓу првите, што биле ослободени од бригадата. Учествувал во бројните борби против балистите и Германците во Качаничката Клисура. Во една борба против балистите, загинал во месноста Глушја Каменица. Бил закопан на селските гробишта во родното село.
Поврзано
Душан Миленковски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Родени во непозната година Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје