Пајакот Лукас ― анимиран лик создаден од аниматорот Џошуа Слајс, именуван според и даден глас од неговиот внук. Лукас се заснова на скокачки пајак (можеби од родот Phidippus) и бил главен лик во повеќе кратки видеа на Youtube. Лукас добил многу позитивен прием за неговата нежна и срдечна природа. Првото видео на Пајакот Лукас било поставено на 5 ноември 2017 година.

Fresh TV ги стекнал правата на Пајакот Лукас и започнал со производство на кратки видеа на YouTube со планот да создаде долгообразна серија со помош на ликот.

Во 2018 година, плишенка од Пајакот Лукас била пуштена на продажба на Интернет.

Во декември 2018 година, Пајакот Лукас се појавил на YouTube Rewind 2018.

Во февруари 2020 година било објавено дека серијата „Пајакот Лукас“ обезбедил глобален договор за дистрибуција со Cartoon Network и Бумеранг.

Од 16 април 2021 година, нема нови епизоди на Пајакот Лукас од декември 2019 година. Во различните одговори во рамките на објавите на коментарите на неговиот Инстаграм, Слајс изјавил дека тие „не објавиле нова содржина веќе некое време, бидејќи тимот работи напорно на ТВ-шоуто!“.

Кратки видеа на Youtube Должината на епизодите е од деветнаесет до осумдесет секунди. Не Наслов Датум на премиера на Youtube 1 Пајакот Лукас 6 ноември 2017 година 2 Ладно е надвор 1 декември 2017 година 3 Време за играње 24 декември 2017 година 4 Заробен 20 јануари 2018 година 5 Музички пајак 10 февруари 2018 година 6 Бела мечка 4 март 2018 година 7 Повторно 30 март 2018 година 8 Џиновски пајак 19 мај 2018 година 9 Време за дремка 19 јуни 2018 година 10 Бенд од еден човек 31 август 2018 година 11 Вртечки мрежи 21 септември.2018 година 12 Страшни приказни 12 октомври 2018 година 13 Нов пријател 10 ноември 2018 година 14 Не ме јади 20 декември 2018 година 15 Умирам од глад 14 февруари 2019 година 16 Што е ова? 20 април 2019 година 17 Каде отиде? 3 јуни 2019 година 18 Се лизна 6 јули 2019 година 19 Жешко е 2 август 2019 година 20 Некој дома е? 30 август 2019 година 21 Небото паѓа 4 октомври 2019 година 22 Измамникот 25 октомври 2019 година 23 Скокачки пајак 28 ноември 2019 година 24 Нацртано заедно 20 декември 2019 година По ова, биле објавени три кратки компилации:

Сите песни! (5 март 2021 година) Буп! (16 април 2021 година) Како да се биде пријател како Лукас (21 мај 2021 година)

Наводи

Категорија:Измислени пајаци Категорија:Антропоморфни пајаци Категорија:Краткометражни филмови