1706 Во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски. 1852 Францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап. 1905 Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хокон VII. 1908 Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени. 1941 Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската. 1993 Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство. 24 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 24 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.