Борис Јованчев Паровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Како симпатизер на народноослободителната борба од август 1944 година бил кypир на заднинската организација во Булачани и околните села. На 7 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во повеќе борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, како курир на Штабот, паднал од еден воен камион и тешко се повредил. Бил пренесен во Воената болница во Скопје каде подлегнал на повредите. Бил закопан на скопските гробишта во Бутел.
Поврзано
Благоја Паровски Србин Паровски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ